Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уште еден командант на Хезболах, Набил Каук е убиен во синоќешниот воздушен напад врз Бејрут.
Израелската армија соопшти дека Израел е во состојба на готовност за поширок конфликт откако објави дека го убила лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала во Бејрут.
Израелските тимови одржаа состаноци за да разговараат за предлозите на САД за прекин на огнот во Либан и ќе продолжат со разговорите во наредните денови, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека ги цени американските напори.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече убиениот шеф на Хезболах „централниот мотор“ на иранската „оска на злото“ и потврди дека Израел стои зад неговото убиство.