1 (8) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 29-Nov 21:10 -> 29-Nov 22:24
.
.
.
.

Маскирани напаѓачи пукаа во Нептун, полицијата ги приведе

  • Вооружен грабеж во Нептун во Градски парк – „Ако викнете полиција, сите ќе ве убиеме“

Вечерва на националната арена „Тоше Проески“ се случил обид за вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун во 20.30 часот.

Вечерва се случил вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун лоцирана во Градски парк, јавува 21ТВ.

2 (15) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 29-Nov 17:35 -> 29-Nov 20:45
.
.
.
.

Осумдневен притвор за тројца приведени за вчерашните настани во кои беа уништувани национални симболи и државното знаме

  • ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза со сквернавење на македонското знаме

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО Скопје за определување мерка притвор против три лица во скратена постапка, по произнесување на осомничените, кои доцна попладнево беа спроведени во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот и на тројцата им определи 8 дневен притвор, заради опасност од бегство и повторување на делото, информираат од Кривичниот суд.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три полнолетни лица за кривично дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став 1 од Кривичниот законик.

3 (39) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Nov 09:09 -> 29-Nov 19:40
.
.
.
.

ДУИ: Итно барање за оставка на министерот за внатрешни работи

  • ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени

  • Во ДУИ се лицемерни, организираат сценарија за етнички конфликти, а глумат загрижени – велат од ВМРО-ДПМНЕ

  • ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење државно знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

Демократската унија за интеграција итно ја бара оставката на Министерот за внатрешни работи поради неоправданата и без преседан полициска интервенција за време на синоќешните прослави на Денот на албанското знаме.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија ДУИ за лицемерие.

Во Демократската унија за интеграција (ДУИ) се лицемерни.

Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме, ден кој има исклучително значење за Албанците во Република Северна Македонија и ширум светот, соопштија од ДУИ.

5 (14) ■ вести > македонија ■ 29-Nov 18:05 -> 29-Nov 20:21
.
.
.
.

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на просториите на нејзиниот Конзулат во Куманово

  • ВИДЕО| Српската амбасада со остра осуда за вандализмот врз Конзулатот во Куманово

Амбасадата на Србија во Македонија денеска преку соопштение најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово, кога во доцните вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстранило таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.

Амбасадата на Република Србија во Македонија најостро го осудува вандалскиот чин што се случи вчера, кога од фасадата на зградата на Конзулатот на Република Србија во Куманово во доцните вечерни часови, младо машко лице, обвиено со албанско знаме, насилно ја отстрани таблата со грбот на Република Србија и натписот „Конзулат на Република Србија во Куманово – Почесен конзул“, напишан на српски и македонски јазик.„Амбасадата на Република Србија во Скопје изразува длабока загриженост во врска со вчерашното сквернавење на државните симболи на Република Србија и загрозување на безбедноста на просториите на Конзулатот на Република Србија во Куманово, особено имајќи го предвид фактот дека просториите на дипломатско-конзуларните претставништва и резиденцијални објекти наменети за членовите на дипломатскиот персонал на Република Србија, не е првпат да бидат предмет на вандалски напади на територијата на РСМ.

7 (37) ■ вести > свет ■ 27-Nov 14:48 -> 29-Nov 21:00
.
.
.
.

Грузиската полиција со водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во ЕУ

  • Поранешен фудбалер е кандидат на владејачката партија на претседателските избори во Грузија

  • Европскиот Парламент ги отфрли резултатите од изборите во Грузија и бара санкции за политичките лидери

  • Насилни протести во Грузија откако владата ги прекина преговорите со ЕУ (ВИДЕО)

Грузиската полиција синоќа употреби водени топови против демонстрантите кои протестираат против владината одлука да го одложи барањето за пристапување во Европската унија.

Владеачката партија во Грузија го избра поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Михаил Кавелашвили за претседателски кандидат, објави на денешниот брифинг претседателот на Грузискиот сон, Бидзина Иванишвили.

Пратениците на Европскиот парламент ги отфрлија резултатите од неодамна одржаните парламентарни избори во Грузија, поради, како што наведоа, значителни нерегуларности и повикаа тие повторно да се одржат во рок од една година, пренесе МИА.

Илјадници луѓе вечерва повторно излегоа на улиците на Тбилиси за да протестираат против одлуката на владата да ги прекине пристапните преговори со Европската унија до крајот на 2028 година, јавува Би-Би-Си. Демонстрантите извикуваа „предавници“ и носеа фотографии од новинари за кои тврдат дека биле претепани од полицијата во петокот вечерта.

8 (67) ■ вести > македонија ■ 27-Nov 15:37 -> 29-Nov 23:00
.
.
.
.

Славески ја обвини Арсовска за опструкции, таа вели дека нема да биде соучесник во неговото незаконско постапување

  • Приватните превозници и денеска не возат, очекуваат одлука на вонредна седница на на советот на Град Скопје

  • Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

  • Арсовска до Славески: Биди храбар Трајко – ја имаш мојата поддршка

И по завршувањето на седницата на Советот на Град Скопје доцна вечерва продолжија тензиите меѓу претседателот на Советот, Трајко Славески и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и нејзината администрација.

Приватните превозници денеска нема да возат низ скопските улици, но се надеваат дека од понеделник ќе се вклучат во сообраќај.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, вечерва на социјалната мрежа „Х“ објави дека приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот и оти на потег е градоначалничката Данела Арсовска.

Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има, ова му го напиша доцна вечерва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на претседателот на Град Скопје, откако претходно денеска приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги.

10 (60) ■ вести > македонија > политика ■ 28-Nov 07:24 -> 29-Nov 22:48
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Нема поголемо богатство од човечкиот капитал, неопходни се мерки за задржување на младите

  • Сиљановска-Давкова: Нема никаков проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците

  • Сиљановска-Давкова за изјавата на Кос: Тоа ме плаши, бидејќи звучи како директно мешање во внатрешните работи

  • Претседателката Сиљановска Давкова на средба со премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ

Да не не туркаат нас во решавање на проблеми врзани за вето од соседите и да не градиме во уставите решенија нешто што никаде го нема.

Нема проблем во преамбулата да се внесат и Црногорците, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на средбата со црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Подгорица, ја коментираше изјавата на новоизбраната еврокомесарка за проширување, Марта Кос, која вчера кажа дека очекува Македонија да направи уставни измени.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамките на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.

11 (21) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 29-Nov 11:47 -> 29-Nov 13:05
.
.
.
.

Уапсени осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти по повод Денот на албанското знаме

  • Тошковски: Уапсени 8 лица поради предизвикување расна и верска омраза

  • Осуммина уапсени за вчерашнитеи инциденти со македонското знаме

Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме.

Сакам да упатам порака до сите што сакаат да предизвикаат дестабилизација на Македонија, да им порачам дека полицијата ќе одговори соодветно на сите предизвици, времето на крив е пајакот или кабелот е поминато.

Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме.

12 (6) ■ вести > македонија ■ 29-Nov 19:00 -> 29-Nov 21:19
.
.
.
.

Советот на Град Скопје донесе заклучок и ја задолжи Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници

  • АДМИНИСТРАЦИЈАТА ГО БЛОКИРА РЕШЕНИЕТО Славески ги обвинува Арсовска и нејзините службеници за саботажа на решението за превозниците

Советот на Град Скопје, денеска на итна седница по два и пол часа расправа донесе заклучок со кој се задолжува градоначалничката на Град Скопје во најкус можен рок, по можност во текот на денешниот ден до претседателот на Совет да достави измени и дополнувања на одлуката за утврдување на вредноста на надоместокот за извршени услуги во линискиот превоз на патници по критериумот остварен километар од 24 февруари 2017 година, со тоа што износите по цена на километар да ги зголеми за 30 денари соодветно, а поврзано со цената на горивото.

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, денеска изрази разочарување поради одложувањето на потпишувањето на заклучокот кој се однесува на исплатата на приватните автобуски превозници.

Повеќе од
оваа категорија

100 (5) ■ спорт > фудбал ■ 29-Nov 09:50 -> 29-Nov 15:42
.
.
.
.

ФИФА ги објави номинациите за најдобар фудбалер на годината: Меси, Мбапе, Родри, Винисиус, Јамал… (ФОТО)

  • Родри и Винисиус меѓу номинираните за најдобар фудбалер во избор на ФИФА

ФИФА го објави списокот со номинации за признанието за најдобар играч за 2024 година во изборот на Светската куќа на фудбалот – „НАЈДОБРИОТ“.

Родри од Манчестер Сити и Винисиус Јуниор од Реал Мадрид се меѓу номинираните за најдобар светски фудбалер во 2024 година во избор на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Како што соопшти денеска ФИФА, меѓу номинираните за наградата „The Best Fifa Football Awards“ се и Дани Карвахал (Реал Мадрид), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити), Федерико Валверде (Реал Мадрид), Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Џуд Белингем (Реал Мадрид), Килијан Мбапе (ПСЖ/Реал Мадрид), Ламин Јамал (Барселона) и Тони Крос кој играше за Реал Мадрид, но ја заврши кариерата на крајот од минатата сезона.

Повеќе од
оваа категорија

66 (4) ■ бизнис > економија > политика ■ 29-Nov 15:24 -> 29-Nov 16:36
.
.
.
.

▷ НИКОЛОСКИ: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

  • Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово - Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени, истакна вицепемиерот и министерот за транспорт Александар Николоски.

Пред да започнеме со изградба на aвтопатот Тетово – Гостивар, изведувачот најпрво ќе изгради алтернативен пат за да не се случи населените места долж автопатот па и одредени општини да останат отсечени, истакна вицепемиерот и министерот за транспорт Александар Николоски.

119 (4) ■ бизнис > економија ■ 27-Nov 08:24 -> 29-Nov 13:36
.
.
.
.

Понуда која не се пропушта – 50 отсто роденденски попуст на најдобрата сателитска телевизија mSAT TV од МТЕЛ

  • ТЕЛЕКОМ СРБИЈА КУПУВА УДЕЛ ВО ФИРМА ЗА САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ ВО МАТИЧНАТА ДРЖАВА - зделката ќе ја разгледува и нашата Комисија за заштита на конкуренцијата

Во месецот кога МТЕЛ го одбележува својот роденден – 3 години успешна работа на македонскиот телекомуникациски пазарm за своите сегашни и идни корисници подготви низа поволности и примамливи попусти.

„Комисијата за заштита на конкуренцијата прими известување за концентрација со која Телеком Србија со регистрирано седиште во Белград, стекнува контрола над ПУЛСЕЦ ДОО, со регистрирано седиште во Нов Белград, Република Србија, преку стекнување на удел“, се вели во објавата од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

226 (5) ■ бизнис > македонија ■ 28-Nov 12:46 -> 28-Nov 14:10
.
.
.
.

ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет потпишаа меморандум за соработка за новиот проект „Знаење + CO₂ -“

  • СОРАБОТКА ЗА ИНОВАЦИИ И ЗА ИСТРАЖУВАЊА Титан Усје и Градежниот факултет заедно во проектот „Знаење + CO₂ -“

Во насока на заедничка заложба за поттикнување иновации, одржливост и декарбонизација, ТИТАН УСЈЕ и Градежниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј(УКИМ) денес официјално го потпишаа Меморандумот за соработка за реализација на проектот „Знаење + CO₂ -“ – со знаење и иновативност до помалку CO2.

Во насока на заедничка заложба за поттикнување иновации, одржливост и декарбонизација, Титан Усје и Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) денеска официјално го потпишаа Меморандумот за соработка за реализација на проектот „Знаење + CO₂ -“ со знаење и иновативност до помалку CO2.

235 (5) ■ бизнис > економија ■ 28-Nov 10:22 -> 28-Nov 11:17
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе ги имплементира стандардите за автоматска размена на податоци

  • Димитриеска-Кочоска: Со поддршка од ОЕЦД, Македонија ќе стане дел од земјите кои ги имплементираат стандардите за автоматска размена на податоци

Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакнала министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.

Македонија во наредниот период ќе продолжи да работи сериозно со цел да го потпише Мултилатералниот договор на надлежни органи за автоматска размена на информации, со што ќе се придружи на земјите членки на Глобалниот фонд на ОЕЦД во борбата со даночно затајување во глобални рамки, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествува на Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели што се одржува во Парагвај.

Бишев: Без структурни реформи не може раст поголем од 2,5%, Фискалниот совет укажал дека постои ризик да се остварат проекциите за 2025-та

  • Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 64%

Македонската економија во наредните 20 години не може да произведе раст поголем од 2,5 проценти доколку не се случат структурни промени, потенцира Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев во вчерашната емисија Бизнис 21 на ТВ 21. Бишев вели тоа е она што го дава денешната структура на економијата, денешните капитални фондови, едуцираноста на работната сила и силата на институциите.

Претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 говореше за студијата која ја изработи Фискалниот совет со Фајнанс тинк во која се предупредува дека јавниот долг и дефицитот растат, и дека постои ризик за одржливоста на јавните финансии.

322 (4) ■ бизнис > економија ■ 27-Nov 15:00 -> 28-Nov 09:48
.
.
.
.

Избрани тројца членови на Одборот на директори на АмЧам и доделени признанија за најдобри практики на општествена одговорност

  • Избрани се тројца членови на Одборот на директори на АмЧам

Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам), во вторникот, на 26-ти ноември, го одржа своето 24-то Генерално Собрание на кое беа избрани тројца членови на Одборот на директори, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки и беше направен преглед на најзначајните постигнувања за годината што изминува.

Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам), во вторникот, на 26-ти ноември, го одржа своето 24-то Генерално Собрание на кое беа избрани тројца членови на Одборот на директори, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки и беше направен преглед на најзначајните постигнувања за годината што изминува.

71 (6) ■ сцена > култура ■ 29-Nov 10:14 -> 29-Nov 11:54
.
.
.
.

Отворен е конкурсот за годишни награди на ДПМ за 2024 година

  • Отворен конкурсот за годишни награди на ДПМ

Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 година: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за поетска збирка, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на некој од јазиците на националностите, информираат од ДПМ.

Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните годишни награди на ДПМ за 2024 г.: „Стале Попов“ за прозно дело, „Ацо Шопов“ за поетска збирка, „Ванчо Николески“ за книга за деца и млади, „Димитар Митрев“ за книга критика и есеистика и „Мост“ за книга напишана на некој од јазиците на националностите.