Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски дискусии, кои ја оптоваруваат редовната дејност на Академијата, односно со работи кои спаѓаат во доменот на Законодавниот дом и на државните институции, се наведува во соопштението од МАНУ во однос на најавите од некои политички партии за основање на академија на етничките Албанци во Македонија.
Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) се огласи во врска со најавите во медиумите од страна на некои политички партии за основање на академија на етничките Албанци во Македонија.