1 (102) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 24-Oct 09:24 -> 25-Oct 21:36
.
.
.
.

МВР: 38-годишен струмичанец силувал малолетник

  • Општина Струмица го напушта ЗЕЛС

  • Перински: Потегот на Струмица и на Карпош за напуштање на ЗЕЛС не е решение, тоа им штети на сите општини

  • Костадинов и Јакимовски најавија дека општините Струмица и Карпош ќе ја напуштат ЗЕЛС

Полициски службеници го уапсиле 38 – годишен жител на Струмица, кој се сомничи дека извршил обљуба врз малолетник од Струмица.

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.

Најавата од Општините Струмица и Карпош за излегување од Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) ќе и штети не само на Заедницата, туку и на сите други општини, смета министерот за локална самоуправа Златко Перински.

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Ова на својот фејсбук-профил го објави градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, посочувајќи дека денеска за ова ќе подготви и официјален допис, во кој ќе ја извести ЗЕЛС оти не ја заслужува партиципацијата на градот со кој раководи.

2 (101) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Oct 07:06 -> 25-Oct 21:19
.
.
.
.

ВУЧИЌ СО ФОН ДЕР ЛАЈЕН: Сѐ додека јас сум претседател, Србија ќе остане на европскиот пат

  • Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години

  • Премиерот Мицкоски ја пречека претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

  • Фон дер Лајен во посета на Скопје на средби со Сиљановска Давкова и Мицкоски

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека сѐ додека тој е претседател на државата, Србија нема да ги промени своите главни надворешнополитички цели, а тоа се европскиот пат и определбата за членство во ЕУ. На заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која е во дводневна посета на Србија, Вучиќ рече дека европскиот пат е од клучно значење за напредокот на земјата, дека Србија посветено работи на тој пат и се надева на резултати.

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро.

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен во рамки на нејзината четиридневна турнеја низ шесте земји од Западниот Балкан, денеска ќе престојува во Скопје.

3 (43) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Oct 09:45 -> 25-Oct 16:53
.
.
.
.

„Ако нешто не е во ред и гледаш дека е така, а молчиш, со молкот стануваш соучесник“, напиша Шилегов

  • Шилегов: СДСМ е заробена партија од двајца октроирани „лидери“!

  • СДСМ: Стратегија за следните 20 години постои, во неа учествуваше и ВМРО-ДПМНЕ

  • СДСМ: Мицкоски со лажни ветувања ја замајува јавноста, стратегијата е веќе подготвена

Поранешниот скопски градоначалник, Петре Шилегов повторно се огласи преку социјалната мрежа Фејсбук.

Доцна ноќеска, поранешниот градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на социјалемократите, Петре Шилегов, со објава на Фејсбук остро го критикуваше сегашното раководство на СДСМ, алудирајќи на двоецот Заев-Филипче.

Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 е успешно подготвена и одамна е поднесена до Собранието.

Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 е успешно подготвена и одамна е поднесена до Собранието, велат од СДСМ.

4 (21) ■ вести > македонија ■ 25-Oct 12:00 -> 25-Oct 16:49
.
.
.
.

Николоски со убави вести: Во 2025 година шест нови авиолинии, од Скопје ќе се лета кон Дубаи, Барселона, Охрид се поврзува со Истанбул

  • Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година

  • Шест нови авио линии – директно поврзување со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

Во текот на наредната година двата аеродроми во земјава, Скопскиот и Охридскиот ќе се поврзат со нови шест авиолинии, соопшти денеска на прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски, кој на прес конференција ги соопшти резултатите од неодамнешниот јавен повик.

Шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул ќе бидат отворени следната година, најави министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија.

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски денес на прес-конференција соопшти дека се воведуват нови 6 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром.

8 (34) ■ вести > свет ■ 24-Oct 07:00 -> 25-Oct 22:36
.
.
.
.

Трамп: Ако Камала биде избрана, Си ќе се однесува со неа „како со бебе“

  • Анкета на Си-Ен-Ен: Трамп и Харис се изедначија со 47 отсто поддршка

  • 25 милиони гласачи веќе гласаа на претседателските избори во САД

  • Харис за Си-Ен-ЕН: Трамп го сметам за фашист

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат за нов претседател на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека кинескиот претседател Си Џинпинг ќе се однесува кон потпретседателката Камала Харис „како кон бебе“ доколку таа биде избрана во Белата куќа и дека тоа ќе наликува како „голем шаховски мајстор да си игра со почетник“.

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп и неговата демократска ривалка, американската потпретседателка Камала Харис, се изедначени со 47 отсто од поддршката меѓу веројатните гласачи, покажува најновата анкета на Си-Ен-Ен спроведена во САД, објавена денеска.

Речиси 25 милиони гласачи веќе учествуваа на претседателските избори во САД преку предвремено гласање или гласање по пошта, според податоците од Универзитетот во Флорида.

Потпретседателката на САД и кандидатка на демократите на претседателските избори, Камала Харис го нарече републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп „фашист“, опишувајќи го како „опасен“ и „неспособен“ за функцијата за која се кандидира.

13 (6) ■ вести > свет > регион ■ 25-Oct 21:06 -> 25-Oct 22:21
.
.
.
.

Фон дер Лајен ја откажа средбата со премиерот на Србија бидејќи се сретнал со рускиот министер за економија

  • Фон дер Лајен одбила да се сретне со премиерот на Србија

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен денеска, за време на посетата на Белград, ја откажала закажаната средба со премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, поради неговата денешна средба со рускиот министер за економски развој, Максим Решетников.

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен денеска за време на посетата на Белград ја откажа средбата со премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, закажана со протоколот, а причина е неговата денешна средба со рускиот министер. за економски развој, Максим Решетњиков, објавија вечерва белградските медиуми.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

161 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 24-Oct 12:40 -> 25-Oct 07:48
.
.
.
.

НОВО: Онлајн потрошувачки кредит од Комерцијална банка за брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ

  • ОНЛАЈН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ – БРЗ ПРИСТАП ДО ПАРИ Новина од Комерцијална банка за клиентите

Онлајн потрошувачкиот кредит им овозможува на заинтересираните клиенти да аплицираат за потрошувачки кредит преку , да добијат и за кратко време да ги имаат . Со Онлајн потрошувачкиот кредит корисникот добива зголемена финансиска моќ до 1.000.000 денари и одлична можност за задоволување на своите желби и потреби, како што се возбудливо патување, разубавување на домот, нов автомобил, вреден подарок за најсаканите и слично.

Комерцијална банка како лидер во понудата на современи и ефикасни финансиски производи со задоволство го воведе новиот , создаден за да им обезбеди на клиентите брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ од удобноста на домот.