Иран изврши ракетен напад врз Израел, два пресретнувања слушнаа новинарите на Би-Би-Си во Ерусалим, додека низ Израел се огласуваат сирени за воздушен напад, а на цивилите им е кажано да се засолнат.
Експлозии се регистрирани над израелскиот град Ерусалим, јавија западни медиуми.
САД веруваат дека Иран наскоро е подготвен да изврши балистички ракетен напад на Израел, предупредил во вторникот висок функционер на Белата куќа, . Во соопштението на Белата куќа се наведува дека постојат индикации дека Иран се подготвува веднаш да изврши напад со балистички ракети против Израел, додавајќи дека Соединетите Држави „активно ги поддржуваат подготовките за одбрана на Израел од овој напад“.
„Њујорк тајмс“ цитира тројца израелски официјални лица кои велат дека очекуваниот ирански напад ќе вклучува дронови и проектили, додека американски функционер предвидува употреба на балистички ракети.