Соединетите Американски Држави не поддржуваат ескалација на конфликтот што се случи во последните денови меѓу Израел и Хезболах, изјави висок функционер на Стејт департментот.
Израелската војска утринава изврши околу 150 напади врз цели на Хезболах во Либан, од каде исламистичкото движење истрелува ракети на израелска територија за поддршка на палестинскиот Хамас во Појасот Газа.
Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на ИДФ на Телеграм, што ја пренесува германската агенција.
Тешко е да се поверува дека помина помалку од една недела откако комуникациските уреди што ги користи Хезболах почнаа да експлодираат низ Либан.