Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција во Владата рече дека кога ќе биде готово решението како да продолжат преговорите за евроинтегративниот пат на државата, јавноста ќе биде информирана.
СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија.
Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, побара од премиерот Христијан Мицкоски да свика затворена седница во Собранието, на која ќе се дискутира за иднината на евроинтегративниот процес на Македонија.
Кога ќе се создадат услови, јавноста и Собранието ќе бидат информирани за решението за евроинтеграциите на кое работи Владата, изјави денеска на прес-конференција новоназначената владина портпаролка Марија Митева.