На 19 јуни започнува „Кривопаланечко културно лето“ 2025, со опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации, што има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка.Програмата ќе биде отворена на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на Сашко Коцев, што ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, а предвидената летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која, веруваме, ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот, велат од општината.
Facebook / НУ Центар за култура Крива Паланка Мудри досетки, впечатливи детски реплики, другарство и дружба на разни генерации дечиња беа дел од вечерашната изведба на сценската адаптација на една од најпознатите книги за деца, „Зоки Поки” од Оливера Николова.