1 (49) ■ вести > свет ■ 17-Oct 15:32 -> 18-Oct 11:14
.
.
.
.

Хезболах влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по убиството на Синвар

  • Фон дер Лајен, Стармер и Макрон гледаат можност за завршување на војната во Газа по смртта на Синвар

  • 📽 СИНВАР МАВТАЛ СО СТАП КОН ДРОНОТ ПРЕД ДА БИДЕ УБИЕН Ова е последниот момент од животот на лидерот на Хамас

  • Што досега се знае за судбината на шефот на Хамас, Јахја Синвар

Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека преминува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по атентатот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во која ќе користи наведувани проектили за да ги гаѓа израелските војници.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за клучен во организирањето на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година, „значително“ го ослабува Хамас.

Лидерот на милитантната група Хамас фрлил стап преку главата во правец на дронот што му се приближил во последните мигови од неговиот живот, сугерира снимка од беспилотното летало која ја објави израелската војска, . Сам во разурнат стан во Газа со ѕидовите издувани од гранатирање, Јахја Синваре седнат стуткан на стол покриен со прашина, со главата и лицето завиени со шамија.

Израел соопшти дека проверува дали го убиле шефот на Хамас Јахја Синвар, што би било огромен удар за палестинската милитантна група по повеќе од една година борби во Газа.

12 (56) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 17:41 -> 18-Oct 10:55
.
.
.
.

Директорот на АНБ бил разрешен оти не му праќал извештаи на премиерот – и тој што го добил личел на вести од порталите

  • Проф. Пивоваров за ЦИВИЛ: Со Агенцијата за национална безбедност треба да раководи човек на државата – a не човек на партијата

  • Посака брзо укинување на тајната служба на која денеска и стана директор. Бојан Христовски е нов директор на АНБ, владата тврди- од лани не е член на ВМРО-ДПМНЕ

  • СДСМ: Власта спроведува опасна партизација, новиот директор на АНБ треба веднаш да се разреши и да се именува нов

Како претседател на Владата повеќе од два месеца не добив ниту еден извештај од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), додека некои други добиваа, што не се во формалниот политички живот, ниту во институциите.

Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во дел од јавноста и медиумите, затоа што Христовски извршувал партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е во спротивност со стандардите на оваа институција важна за безбедноста на државата.

Тајната служба доби нов директор- до лани бил во ВМРО-ДПМНЕ, сега ќе се грижи за националната безбедност.

Со назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација, како на АНБ, така и на клучните безбедносни институции, реагираат од опозицискиот СДСМ.

14 (31) ■ вести > фудбал ■ 16-Oct 14:30 -> 18-Oct 10:49
.
.
.
.

Синер подобар од Ѓоковиќ и ќе игра со Алкараз во финалето во Саудиска Арабија

  • И Алкараз сигурен на стартот на „Слемот на шесте кралеви“

  • Алкараз го уништи Надал и закажа финале со Синер во Ријад

  • Најдоброто од полуфиналињата Надал - Алкараз, Ѓоковиќ - Синер

Јаник Синер и Карлос Алкараз ќе се сретнат во финалето на егзибициониот тениски турнир „Сикс Кингс Слем“ во Саудиска Арабија.

Откако Јаник Синер славеше убедливо против Данил Медведев и Карлос Алкараз на убедлив начин го стартуваше својот настап на „Слемот на шесте кралеви“ кој се игра во Саудиска Арабија.

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз славеше против ветеранот Рафаел Надал со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-3 за пласман во финале на турнирот во Ријад наречен „Шесте кралеви“.

„Слемот на шесте кралеви“ кој се игра за прв пат, а домаќин е Саудиска Арабија, стаса до финале откако младоста го победи искуството или поточно ветераните.

Повеќе од
оваа категорија

102 (6) ■ бизнис > економија > политика ■ 17-Oct 11:44 -> 17-Oct 13:00
.
.
.
.

Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши

  • Во изминатите 100 дена бевме силно посветени на поддршката на бизнисот, домаќинствата и заштитата на животниот стандард на граѓаните

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа: 100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“ Дурмиши кажа дека министерството го затекнал во состојба на целосна дисфункционалност, но изминатите три месеци посветено работел на зајакнување на капацитетите за работа, како и приоритетите кои ќе ни бидат во иднина.

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа:100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“.

138 (4) ■ бизнис > економија ■ 17-Oct 09:18 -> 17-Oct 09:48
.
.
.
.

ПРОТЕКЦИОНИЗМОТ НЕ ТРЕБА ДА Е ОДЛИКА НА ТРГОВИЈАТА Азески се заложи за слободна и фер трговија на Коморскиот самит во Истанбул

  • Азески од Самитот во Истанбул: Слободната и фер трговија треба да биде приоритет во глобалната економска трансформација

Слободната и фер трговија треба да биде приоритет, наспроти протекционистичките трендови во одредени области, заклучија највисоките претставници од коморите и деловните лидери на Самитот на Европа и Азија, што се одржа во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап кон климатска акција”, кој е во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). Тие дебатираа за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и климатските промени.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на Самитот на Европа и Азија, што се одржа во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап кон климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). Дебатирајќи за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и климатските промени, највисоките претставници од коморите и деловните лидери се согласија дека слободната и фер трговија треба да биде приоритет, наспроти протекционистичките трендови во одредени области.

213 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Oct 14:24 -> 16-Oct 18:06
.
.
.
.

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

  • Таксата на ЕУ за јаглерод диоксид ќе биде нов удар за цената на струјата во Македонија

Имплементирање на пакетот за чиста енергија и на пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија кои се однесуваат пред се на поврзување на пазарите на електрична енергија во земји членки на ЕУ и во земји кои не се членки на ЕУ, е тема на разговор на денешниот состанок во Скопје на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија, чиј коорганизатор е Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). - Во рамките на Балкан енерџи скул, којшто е основан од регулатори од Балканот вклучувајќи ја и РКЕ на Македонија, денеска имаме чест да ни ги презентираат искуствата во земјите членки, пред се во Италија и Грција, Тоа ни претставува особена чест и задоволство, имајќи во предвид дека Македонија уште со министерката одлука кон крајот на 2022 година презема обврски овој пакет за чиста енергија и пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија да ги имплементира во текот на 2023 и почетокот на 2024 година.

Воведувањето на таксата за јаглерод диоксид која ЕУ ја планира од први јануари 2026 година ќе направи сериозен притисок на домашното производство на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со оглед на тоа дека базната струја се произведува во термоелектрани кои користат јаглен.

13 (5) ■ сцена > култура ■ 16-Oct 20:44 -> 18-Oct 11:12
.
.
.
.

Книжевна вечер во чест на академик Влада Урошевиќ

  • Старовремска книжевна вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ

Книжевна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ ќе организираат „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска од 19 часот во „Дајмонд мол“, со која ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на овој македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач и професор во пензија на Филолошкиот факултет на УКИМ.

Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, денеска (18 октомври), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер.

198 (4) ■ сцена > култура ■ 16-Oct 07:30 -> 17-Oct 19:13
.
.
.
.

КАДЕ ЈАДАТ ДВАЈЦА, ЈАДАТ И ТРОЈЦА За храната, за гладта, за тоа што е кошер, а што не е, за мирисот на пандишпанот…

  • Изложба „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија

„Мириса на пандишпан“, изложбата која е поставена во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје е посветена на сефардската традиционална кујна на македонските Евреи од населувањето до денес, преку фотографии, предмети, разни видови храна, рецепти, прибор за јадење и готвење.

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населувањето до денес, со која се презентира и популаризира дел од културното наследство на Евреите.