1 (29) ■ вести > македонија > политика ■ 21-Oct 19:18 -> 22-Oct 16:11
.
.
.
.

Николоски од Солун: Економскиот развој на регионот зависи од инфраструктурното поврзување, имаме амбициозна агенда во патната и железничката мрежа

  • Министерот Николоски на Форум во Солун за иднината на транспортот и инфраструктурата во Југоисточна Европа

  • Николоски во работна посета на Солун, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата

Започнавме структурни реформи во сите сектори.

Инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи, се очекува да ги претстави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) што денеска и утре се одржува во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски престојува во работна посета на Солун, каде ќе се обрати на меѓународниот настан – “Форум за поврувазње со Југоисточна Европа”, при што, како што најауваат од неговиот кабинет, ќе ги претстави инвестициските планови на Владата за развој на инфраструктурата и модерни инфраструктурни системи.

2 (6) ■ вести > свет ■ 22-Oct 12:34 -> 22-Oct 16:16
.
.
.
.

ОН: Населението на Украина намалено за 10 милиони луѓе по инвазијата на Русија

  • ОН: 10 милиони помалку население во Украина по руската инвазија во 2022 година

Населението на Украина се намалило за 10 милиони луѓе или околу една четвртина од почетокот на руската инвазија, соопшти ОН. – Намалувањето се должи на бегалскиот бран, падот на наталитетот и загинатите во војната, изјави Флоранс Бауер, регионална директорка за Источна Европа на Фондот за население на ОН. Таа истакна дека уште пред инвазијата Украина се соочуваше со демографски предизвици, а војната ја влоши состојбата.

Населението на Украина се намали за повеќе од 10 милиони од февруари 2022 година, кога започна руската инвазија, што предизвика егзодус и пад на стапката на плодност, соопштија денеска ОН. Регионалната директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Флоренс Бауер, им објасни на новинарите во Женева дека овој пад е поврзан и со други фактори, бидејќи „и пред војната Украина се соочуваше со значителни демографски предизвици“.

5 (21) ■ вести > македонија ■ 22-Oct 12:05 -> 22-Oct 16:10
.
.
.
.

Директорката на болницата „Козле“ за случајот со починатото 14-месечно бебе: Не е најден никаков лекарски пропуст во третманот

  • Таравари: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле по случајот со починатото 14-месечно бебе

  • ДОБРО Е ШТО КЛИНИКАТА ЗА ПЕДИЈАТРИЈА ПРЕЗЕМА ОДРЕДЕН ЧЕКОР: Таравари за случајот со починатото 14 месечно бебе

Д-р Каролина Симоновска – директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ во врска со случајот со починатото 14-месечно бебе вели дека „формирала стручна комисија на клиниката која го разгледала целиот случај и не нашла никаков лекарски стручен пропуст“.

Министерот за здравство – Арбен Таравари на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје рече дека е добро што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.

7 (4) ■ вести > македонија ■ 22-Oct 14:46 -> 22-Oct 15:55
.
.
.
.

Наскоро решение за зголемување на платите во здравството

  • Ќе се интензивира социјалниот дијалог меѓу КСС и владата преку новиот состав на Економско – социјалниот совет

Ќе се интензивира и економско-социјалниот дијалог Наскоро Владата ќе излезе со решение за зголемување на платите во здравството, рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески по Извршниот одбор на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Тој најави и интензивирање на социјалните дијалози, како и на состаноците со сите синдикати и невладини организации од областа на трудот, на кои, нагласи, присутен ќе биде и бизнис секторот.

Социјалниот дијалог меѓу синдикатите и Владата во минатото беше само формалност и тоа предизвика напластување на повеќе проблеми.

13 (57) ■ вести > македонија > политика ■ 20-Oct 16:42 -> 22-Oct 15:25
.
.
.
.

Таравари: ДУИ не требаше да направи апстиненција од четири месеци да не се види со граѓаните

  • Ахмети го свика Централното Претседателство на состанок

  • ДУИ одлучи да има отворени седници на претседателството со граѓани

  • Таравари: Оптимист сум дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, ни треба гаранција дека нема повторно да бидеме условувани

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е дел од коалицијата „Вреди“, коментирајќи ја одлуката на Централното претседателство на ДУИ да одржуваат состаноци од отворен карактер со присуство на граѓани, рече дека она што треба да го направи ДУИ е да се реформира бидејќи, како што посочи, има многу некредибилни луѓе меѓу нив.

Лидерот на Демократската Унија за Интеграција (ДУИ), Али Ахмети за утре свика состанок на Централното Претседателство.

По завршувањето на Централното претседателство на Демократската унија за интеграција ДУИ, портпаролот Арбр Адеми информираше за заклучоците.

Јас сум меѓу ретките оптимисти во државата и продолжувам да мислам дека многу скоро ќе ги почнеме преговорите со ЕУ, рече вечерва министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари.

15 (5) ■ вести ■ 22-Oct 13:21 -> 22-Oct 15:48
.
.
.
.

Најдобрите атлетичари во Европа годинава ќе бидат крунисани во Скопје!

  • Скопје е град-домаќин на Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација

Најдобрите атлетичари изминатава година во Европа своите признание ќе ги добијат во Скопје и тоа на манифестацијата „Златни патеки“, која ќе се одржи во склоп на Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА) закажана за периодот помеѓу 24 и 27 октомври.

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со претседателот на Европската Атлетска Асоцијација, Добромир Карамаринови со претседателката на Атлетската федерација на Македонија, Александра Војнеска-Зикова, денеска присуствуваше на прес конференцијата по повод Конвенцијата на Европската Атлетска Асоцијација која за прв пат ќе се одржи во Скопје, од 24 до 27 октомври.

Повеќе од
оваа категорија