Северна Македонија да има подлабоко разбирање за европските вредности и да ги почитува човековите права и правото на изразување, повика потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која денеска говореше на тркалезна маса во Ќустендил на тема „Бугарите на Балканот надвор од границата по 1878 година“.
Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на писмото што беше најавено дека ќе се испрати до ЕУ со предлог-решенија за деблокада на процесот на евроинтеграциите.
Треба да имаме силна политичка влада, експертската влада не е решение, изјави денеска потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, јави БТА.