Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски денеска во Велес, коментирајќи ја вчерашната изјава на шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок, која рече дека уставните измени се клучен чекор кон почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, истакна дека позицијата на Владата е јасна, директна и отворена, а тоа е дека нема уставни измени под бугарски диктат и оти единствен начин тоа да се реши е да се даде гаранција дека нема да има натамошни блокади од ваков тип.
Во новоизградената социјална зграда во Велес со 29 станови, а чиј оглас за доделување преку Министерството за транспорт и врски е во тек до 21 октомври, денеска увид направи министерот за транспорт и врски Александар Николоски заедно со Марјан Стефановски генерален директор на АД за изградба на станбен и деловен простор и градоначалникот Марко Колев.