1 (9) ■ вести > македонија ■ 24-Oct 16:19 -> 25-Oct 15:32
.
.
.
.

Филков смета дека е потребно освежување во Комисијата за помилување

  • Филков: Помилуваните осудените треба да се ресоцијализираат, а не повторно да ги судиме во јавноста

Сметам дека можеби е време да дојде до одредено освежување во Комисијата за помилување, изјави денеска министерот за правда Игор Филков, одговарајќи на новинарски прашања во контекст на последната одлука за помилување на осуденици од страна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, кои деновиве предизвикаа лавина реакции кај политичката и општата јавност.

Институтот помилување е многу битна работа во државата.

4 (21) ■ вести > македонија ■ 25-Oct 12:00 -> 25-Oct 15:32
.
.
.
.

Шест нови авио линии – директно поврзување со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

  • Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година

  • Од Скопје ќе се лета за Дубаи, од Охрид за Истанбул

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски денес на прес-конференција соопшти дека се воведуват нови 6 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром.

Шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул ќе бидат отворени следната година, најави министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија.

Од Скопје ќе се лета а Дубаи со “Флај Дубаи“, а од Охрид ќе се лета за Истанбул со “Туркиш Ерлајнс“, ова се две од шесте дестинации кои денеска ги најави министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.

6 (157) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Oct 07:36 -> 25-Oct 14:56
.
.
.
.

Мицкоски: До членство во ЕУ ќе дојдеме со синергија на напорите за реформи и зачувувањето на достоинството на граѓаните

  • Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје

  • Фон Дер Лајен: Проширувањето ќе остане врвен пориоритет на Европската комисија во следните пет години

  • Подеста: Проширувањето на ЕУ останува клучен приоритет на ЕК и Фон дер Лајен

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен истакна дека е потребна синергија на напорите кои се вложуваат во насока на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и реформите согласно европските стандарди од една страна и зачувувањето на гордоста и достоинството на граѓаните од друга страна.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја започнува четиридневна посета на земјите од Западниот Балкан, во чии рамки утре ќе престојува во Скопје.

Ние имаме јасна цел, а тоа е да се отвори кластерот фундаментални вредности што е можно поскоро.

Напредокот на земјите од Западниот Балкон на европскиот пат и шест милиони вредниот План за раст на регионот ќе бидат главни теми на билатералните разговори на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен со нејзините домаќини во текот на турнејата низ западнобалканските држави, што започнува денеска, информира заменичката на главниот портпарол на ЕК, Аријана Подеста.

13 (88) ■ вести > македонија > политика ■ 23-Oct 20:56 -> 25-Oct 15:45
.
.
.
.

Јакимовски: ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

  • Општина Струмица го напушта ЗЕЛС

  • Костадинов: Тврдам дека водата во Струмица е исправна

  • Општина Струмица и официјално се откажува од членството во ЗЕЛС – Костадинов ќе поднесе оставка од функцијата во Управниот одбор

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на нивната партија, а Орце Георгиевски е само една обична фигура на чело на ЗЕЛС, порача денеска градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, додавајќи дека неговата порака за напуштање не била сериозно сфатена.

Општина Струмица ја напушта Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС), а според пишувањата на дел од медиумите, тоа ќе го стори и градоначалникот на Карпош.

Одговорно тврдам, а потврда за тоа ќе бидат резултатите кои утре повторно ќе бидат објавени, дека водата во Струмица е исправна и хемиско-физичкиот состав и микробиолошки, објави на својот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Општина Струмица од денеска се откажува од членството во Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Одлуката е донесена во знак на револт поради индиферентниот однос во периодот кога струмичани се соочуваат со забрана за водата за пиење, како и по одбивањето од Владата за реализација на единствениот пријавен проект од оваа општина со средства од унгарскиот кредит.

14 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Oct 20:14 -> 25-Oct 15:21
.
.
.
.

Меџити со план за почист воздух: Шест екоавтобуси за Скопје, замена на греењето во 70 јавни објекти

  • Меџити: Подготвени сме да се соочиме со предизвиците во животната средина

Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата се соочуваат со бројни предизвици во животната средина во време на енергетска криза, а тоа се децениското загадување на амбиенталниот воздух, отстранувањето на историскиот отпад, справувањето со проблемите на управувањето со отпадот, обезбедувањето на инфраструктура за водоснабдување, одведувањето на отпадни води и нивно пречистување и заштита на природните вредности и биодиверзитетот.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити денеска учествуваше на панел дискусијата „100% посветени за тебе” на која кој се осврна на најактуелните прашања во животната средина.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

158 (4) ■ бизнис > претприемништво ■ 24-Oct 12:40 -> 25-Oct 07:48
.
.
.
.

НОВО: Онлајн потрошувачки кредит од Комерцијална банка за брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ

  • ОНЛАЈН ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ – БРЗ ПРИСТАП ДО ПАРИ Новина од Комерцијална банка за клиентите

Онлајн потрошувачкиот кредит им овозможува на заинтересираните клиенти да аплицираат за потрошувачки кредит преку , да добијат и за кратко време да ги имаат . Со Онлајн потрошувачкиот кредит корисникот добива зголемена финансиска моќ до 1.000.000 денари и одлична можност за задоволување на своите желби и потреби, како што се возбудливо патување, разубавување на домот, нов автомобил, вреден подарок за најсаканите и слично.

Комерцијална банка како лидер во понудата на современи и ефикасни финансиски производи со задоволство го воведе новиот , создаден за да им обезбеди на клиентите брз и беспрекорен пристап до поголема финансиска моќ од удобноста на домот.

251 (4) ■ сцена > култура ■ 23-Oct 09:48 -> 23-Oct 13:42
.
.
.
.

На Славе Ѓорѓо Димоски денескa ќе му биде врачена државната награда „23 Октомври“

  • Доделување на државната награда „23 Октомври“

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Македонија.

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе биде доделена државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.