1 (10) ■ вести > македонија ■ 27-Sep 16:08 -> 29-Sep 15:45
.
.
.
.

АХВ донесе решение за забрана за употреба на водата од струмичкиот водоснабдителен систем

  • АЛАРМАНТНА СОСТОЈБА ВО СТРУМИЦА Вода не е за пиење, загадена е со манган и бактерии

Инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) донесе решение со кое ја забрани за употреба водата од струмичкиот водоснабдителен систем.

Граѓаните на Струмица се соочени со сериозен проблем со квалитетот на водата за пиење.

5 (12) ■ вести > македонија > политика ■ 29-Sep 09:18 -> 29-Sep 15:11
.
.
.
.

Спасовски: Очекувам ДУИ да стане дел од Владата

  • Спасовски: Законот за бранители решава отворено прашање и постапка треба да продолжи – „Гаши има двојни стандарди во свикувањето на седницата“

Да, ние поднесовме предлог закон со кој сметавме дека треба да се затвори ова прашање, што предолго е отворено, каде семејствата на починатите бранители не се обештетиле каде треба да влезат во оваа категорија и оние кои ги дале својот живот во некои незгоди кои се случија, трагедии како хеликоптерската несреќа и друго.

Ние го поднесовме предлог Законот за бранителите затоа што сметаме дека треба да се затвори ова прашање, што предолго е отворено, каде семејствата на починатите бранители не се обештетени, каде треба да влезат во оваа категорија и оние кои ги дале својот живот во некои незгоди кои се случија, трагедии, како хеликоптерската несреќа итн, вели во интервју за Радио Слободна Европа пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски.

6 (102) ■ вести > свет ■ 27-Sep 07:30 -> 29-Sep 14:59
.
.
.
.

ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук

  • Израел во состојба на готовност по убиството на лидерот на Хезболах

  • Нетанјаху: Израелските тимови ќе ги продолжат разговорите за прекин на огнот во Либан

  • Хезболах ја потврди смртта на својот лидер

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека уште еден командант на Хезболах, Набил Каук е убиен во синоќешниот воздушен напад врз Бејрут.

Израелската армија соопшти дека Израел е во состојба на готовност за поширок конфликт откако објави дека го убила лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала во Бејрут.

Израелските тимови одржаа состаноци за да разговараат за предлозите на САД за прекин на огнот во Либан и ќе продолжат со разговорите во наредните денови, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека ги цени американските напори.

Вооруженото движење Хезболах потврди дека нивниот повеќедецениски лидер Хасан Насрала е мртов.

7 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Sep 10:40 -> 29-Sep 15:03
.
.
.
.

СДСМ ЈА ИСФРЛИ „СЕВЕРНА“: За влез во ЕУ го сменија името на Македонија, сега ВМРО-ДПМНЕ им е крив за „датумите што ги добиваа“

  • СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

  • СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

Партијата СДСМ, која додека 7 години беше на власт, го смени името на Македонија, а сега како опозиција ја исфрли од употреба придавката „Северна“ во официјалното соопштение, направи безброј отстапки на штета на Република Македонија, повеќе пати „лажно доби датум за преговори“, а сега го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за закочување на патот кон ЕУ. Во продолжение целото денешно соопштение од СДСМ, во кое името Македонија го употребува без придавката „северна“, која додека беа на власт по стопати ја нагласуваа во сите соопштенија: Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ велат дека раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

32 (4) ■ бизнис > македонија ■ 29-Sep 10:59 -> 29-Sep 13:28
.
.
.
.

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

  • 📷 ФЕРОИНВЕСТ И БРАКО ДЕЛ ОД „RE-MEMBER 2024“ Инженерите на двете компании ги презентираа најновите технолошки достигнувања

Мехатронички решенија за управување со мали хидроелектрани, со електрични возила и со батериски системи, беа темите на кои инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО ги изложија последните достигнувања од инженерското работење на компанијата на настанот RE-MEMBER 2024, во организација на Машинскиот факултет во Скопје, со кој се одбележуваат 20 години од воведувањето на струдиската програма Мехатроника.

На настанот „RE-MEMBER 2024“, посветен на 20 години од воведувањето на студиската програма Мехатроника на Машинскиот факултет во Скопје, компаниите ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО ги презентираа своите најнови инженерски решенија.