Ракометарите на Вардар забележаа огромен чекор кон титулата во Суперлигата откако на гостувањето против Е. Пелистер во Битола во една од клучните пресметки во борбата за шампионската титула славеа во повеќе од драматичен меч со 34-35, благодарение на голот на Хорига во последната секунда од средбата!
Со гол во последната секунда ракометарите на Вардар 1961 триумфираа вечерва во Битола над Еурофарм Пелистер со 35:34 (17:16) во рамки на петтото коло во плејофот и го презедоа од актуелниот шампион водството на табелата во македонската Супер лига.