1 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 17-Oct 13:24 -> 18-Oct 15:24
.
.
.
.

Јотова ги повика македонските власти на поголемо разбрање на европските вредности и почитување на човековите права

  • Мицкоски за писмото до ЕУ: Сѐ уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег

  • Јотова: На Бугарија и е потребна силна политичка влада, експертска влада не е решение

Северна Македонија да има подлабоко разбирање за европските вредности и да ги почитува човековите права и правото на изразување, повика потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која денеска говореше на тркалезна маса во Ќустендил на тема „Бугарите на Балканот надвор од границата по 1878 година“.

Се уште правиме анализи, избрзани чекори се лош потег, изјави премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во однос на писмото што беше најавено дека ќе се испрати до ЕУ со предлог-решенија за деблокада на процесот на евроинтеграциите.

Треба да имаме силна политичка влада, експертската влада не е решение, изјави денеска потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, јави БТА.

2 (77) ■ вести > свет ■ 16-Oct 14:36 -> 18-Oct 15:14
.
.
.
.

📽 СИНВАР МАВНАЛ СО СТАП КОН ДРОНОТ ПРЕД ДА БИДЕ УБИЕН Ова е последниот момент од животот на лидерот на Хамас

  • Фон дер Лајен, Стармер и Макрон гледаат можност за завршување на војната во Газа по смртта на Синвар

  • Што досега се знае за судбината на шефот на Хамас, Јахја Синвар

  • Бајден му честита на Нетанјаху за ликвидацијата на лидерот на Хамас: Време е војната да заврши

Лидерот на милитантната група Хамас фрлил стап преку главата во правец на дронот што му се приближил во последните мигови од неговиот живот, сугерира снимка од беспилотното летало која ја објави израелската војска, . Сам во разурнат стан во Газа со ѕидовите издувани од гранатирање, Јахја Синвар е седнат стуткан на стол покриен со прашина, со главата и лицето завиени со шамија.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за клучен во организирањето на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година, „значително“ го ослабува Хамас.

Израел соопшти дека проверува дали го убиле шефот на Хамас Јахја Синвар, што би било огромен удар за палестинската милитантна група по повеќе од една година борби во Газа.

Американскиот претседател Џо Бајден, коментирајќи го израелското убиство на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, рече дека „е време оваа војна да заврши и затворениците да се вратат дома“.

3 (13) ■ вести > македонија ■ 17-Oct 16:36 -> 18-Oct 15:24
.
.
.
.

Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности

  • Мисајловски: Поголемо издвојување за одбраната ќе биде еден од приоритетите на Владата

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговарало за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област, информираат од Министерството за одбрана.

Едно од главните прашања за кои се разговараше на дводневниот состанок на министрите за одбрана на НАТО, што вчера и денеска се одржа во Брисел, беа одбранбените трошоци, изјави за МИА министерот за одбрана Владо Мисајловски по завршувањето на средбата.

5 (21) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 18-Oct 10:46 -> 18-Oct 14:12
.
.
.
.

Таткото на Вања пишал во група со останатите родители, па избришал: Кажете само колку пари треба?

  • Полицијата проверувала момче од Шведска со кое Вања комуницирала-„На неговиот профил имаше знамиња на ИСИС, но трагата не водеше никаде“

  • „Мртов агол“ го отвори сомнежот: Истрагата не открива трага од Вања Ѓорчевска на камерите околу зградата

Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, при истрагата за киднапирањето и убиството на својата ќерка се однесувал на начин што предизвикал сомнежи кај полицијата.

Началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски сведочеше на денешното судско рочиште за свирепото двојно убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

Истрагата за свирепото убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска се соочила со бројни пречки, откри началникот на единицата за насилен криминал, Дејан Димовски, при неговото денешно сведочење во Основниот кривичен суд.

11 (7) ■ вести > економија ■ 18-Oct 13:31 -> 18-Oct 13:57
.
.
.
.

Групацијата 4iG го започнува влезот на македонскиот пазар, новата компанија се вика One Macedonia Telecommunications

  • ГРУПАЦИЈАТА 4iG ЈА ПРОДОЛЖУВА СВОЈАТА ЕКСПАНЗИЈА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Групацијата основа компанија во Северна Македонија

По неколку успешни аквизиции во Албанија и Црна Гора, унгарската компанија 4иГ (4iG Group) почна со подготовки за влез на пазарот в Македонија, со основање на подружница Уан (ONE Macedonia Telecommunications). Со одлука на Одборот на Групацијата донесена минатиот петок, новата компанија ќе биде основана од Antenna Hungária Zrt., дел од 4iG Group, под којашто е телекомуникациското портфолио на инфо-комуникациската групација во Унгарија и во Западен Балкан.

Основањето на One Macedonia Telecommunications е првиот важен чекор за 4iG Group да стане значаен нов играч во Северна Македонија.

14 (69) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 17:41 -> 18-Oct 15:06
.
.
.
.

СДСМ бара разрешување на Христовски од АНБ: тој е партиски кадар и пропагандист на ДПМНЕ

  • Проф. Пивоваров за ЦИВИЛ: Со Агенцијата за национална безбедност треба да раководи човек на државата – a не човек на партијата

  • Директорот на АНБ бил разрешен оти не му праќал извештаи на премиерот – и тој што го добил личел на вести од порталите

  • Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави член на ИО на партијата како Виктор Димовски, а АР ја партизираше со Муслиу

Со назначувањето на Бојан Христовски власта на Мицкоски и ДПМНЕ прави опасна партизација на Агенцијата за национална безбедност и ги крши законите, обвинија од СДСМ.

Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во дел од јавноста и медиумите, затоа што Христовски извршувал партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е во спротивност со стандардите на оваа институција важна за безбедноста на државата.

Како претседател на Владата повеќе од два месеца не добив ниту еден извештај од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), додека некои други добиваа, што не се во формалниот политички живот, ниту во институциите.

СДС нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

138 (6) ■ бизнис > економија > политика ■ 17-Oct 11:44 -> 17-Oct 13:00
.
.
.
.

Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши

  • Во изминатите 100 дена бевме силно посветени на поддршката на бизнисот, домаќинствата и заштитата на животниот стандард на граѓаните

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа: 100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“ Дурмиши кажа дека министерството го затекнал во состојба на целосна дисфункционалност, но изминатите три месеци посветено работел на зајакнување на капацитетите за работа, како и приоритетите кои ќе ни бидат во иднина.

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа:100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“.

247 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Oct 14:24 -> 16-Oct 18:06
.
.
.
.

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

  • Таксата на ЕУ за јаглерод диоксид ќе биде нов удар за цената на струјата во Македонија

Имплементирање на пакетот за чиста енергија и на пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија кои се однесуваат пред се на поврзување на пазарите на електрична енергија во земји членки на ЕУ и во земји кои не се членки на ЕУ, е тема на разговор на денешниот состанок во Скопје на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија, чиј коорганизатор е Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). - Во рамките на Балкан енерџи скул, којшто е основан од регулатори од Балканот вклучувајќи ја и РКЕ на Македонија, денеска имаме чест да ни ги презентираат искуствата во земјите членки, пред се во Италија и Грција, Тоа ни претставува особена чест и задоволство, имајќи во предвид дека Македонија уште со министерката одлука кон крајот на 2022 година презема обврски овој пакет за чиста енергија и пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија да ги имплементира во текот на 2023 и почетокот на 2024 година.

Воведувањето на таксата за јаглерод диоксид која ЕУ ја планира од први јануари 2026 година ќе направи сериозен притисок на домашното производство на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со оглед на тоа дека базната струја се произведува во термоелектрани кои користат јаглен.

44 (6) ■ сцена > култура ■ 16-Oct 20:44 -> 18-Oct 11:41
.
.
.
.

Книжевна вечер во чест на академик Влада Урошевиќ

  • Старовремска книжевна вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ

Книжевна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ ќе организираат „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска од 19 часот во „Дајмонд мол“, со која ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на овој македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач и професор во пензија на Филолошкиот факултет на УКИМ.

Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, денеска (18 октомври), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер.

232 (4) ■ сцена > култура ■ 16-Oct 07:30 -> 17-Oct 19:13
.
.
.
.

КАДЕ ЈАДАТ ДВАЈЦА, ЈАДАТ И ТРОЈЦА За храната, за гладта, за тоа што е кошер, а што не е, за мирисот на пандишпанот…

  • Изложба „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија

„Мириса на пандишпан“, изложбата која е поставена во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје е посветена на сефардската традиционална кујна на македонските Евреи од населувањето до денес, преку фотографии, предмети, разни видови храна, рецепти, прибор за јадење и готвење.

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населувањето до денес, со која се презентира и популаризира дел од културното наследство на Евреите.