Потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија и потпретседател на Собранието Весна Бендевска денеска порача дека за нив е неприфатливо да седат во иста влада со субјект кој договара со нереформирано ДУИ.
Потпретседателката на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Весна Бендевска на денешната прес конференција рече дека со чувство на искрена загриженост, упатуваат јавна препорака до, како што вели, збунетото раководство на СДСМ: „Итно поставете редари пред вашите општински штабови.
Соопштението кое денеска го објави СДСМ е жална мешавина на параноја, невистини и примитивни политички спинови кои повеќе зборуваат за нивната состојба отколку за Движењето ЗНАМ или за претседателот Максим Димитриевски.