1 (53) ■ вести > свет ■ 17-Oct 15:32 -> 18-Oct 12:14
.
.
.
.

Хезболах влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по убиството на Синвар

  • Фон дер Лајен, Стармер и Макрон гледаат можност за завршување на војната во Газа по смртта на Синвар

  • Што досега се знае за судбината на шефот на Хамас, Јахја Синвар

  • Израелската војска истражува дали во Појасот Газа е убиен лидерот на Хамас, Синвар

Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека преминува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по атентатот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во која ќе користи наведувани проектили за да ги гаѓа израелските војници.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за клучен во организирањето на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година, „значително“ го ослабува Хамас.

Израел соопшти дека проверува дали го убиле шефот на Хамас Јахја Синвар, што би било огромен удар за палестинската милитантна група по повеќе од една година борби во Газа.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека истражува дали лидерот на Хамас, Јајха Синвар, е убиен во воена операција во Појасот Газа.

4 (14) ■ вести > свет > регион ■ 18-Oct 09:13 -> 18-Oct 12:32
.
.
.
.

Четворица работници повредени во ескплозија во погонот за артилерија во фабриката Слобода во Чачак

  • РТС: Експлозија во фабриката Слобода во Чачак, има повредени

Четири лица се повредени во експлозијата што се случи утринава во фабриката на наменската индустрија „Слобода“ во Чачак, во артилерискиот погон.

Две лица се повредени во експлозија во теренот на фабриката „Слобода“ во Чачак, соопшти компанијата „Слобода“ АД. Во фабриката „Слобода“ во Чачак утрово во осум часот дошло до технолошка експлозија на линијата на лабораторијата за артилериски гранати и во таа несреќа се повредени двајца работници, на кои веднаш им била укажана лекарска помош, соопшти „Слобода“ објави АД. Како што се наведува, едниот работник по прегледот е пуштен на домашно лекување, додека другиот повреден работник кој е во стабилна здравствена состојба е задржан на болничко лекување.

13 (5) ■ вести > македонија > регион ■ 17-Oct 13:24 -> 18-Oct 13:10
.
.
.
.

Јотова: РСМ подобро да ги разбере европските вредности

  • Јотова: На Бугарија и е потребна силна политичка влада, експертска влада не е решение

„Би сакалa да ги повикам моите колеги од Република Северна Македонија да ги читаат со поголемо разбирање европските вредности, бидејќи тогаш, кога ќе започнат вистинските преговори за пристапување во ЕУ, има едно основно, прво поглавје, а тоа се нарекува ‘Основни права’. Тие основни права минуваат низ целиот преговарачки процес и ако има барем една држава, која смета дека не се почитуваат човековите права, особено тие на претставниците на различни нации и народи, тој процес никогаш нема да заврши“.

Треба да имаме силна политичка влада, експертската влада не е решение, изјави денеска потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, јави БТА.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

120 (6) ■ бизнис > економија > политика ■ 17-Oct 11:44 -> 17-Oct 13:00
.
.
.
.

Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши

  • Во изминатите 100 дена бевме силно посветени на поддршката на бизнисот, домаќинствата и заштитата на животниот стандард на граѓаните

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа: 100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“ Дурмиши кажа дека министерството го затекнал во состојба на целосна дисфункционалност, но изминатите три месеци посветено работел на зајакнување на капацитетите за работа, како и приоритетите кои ќе ни бидат во иднина.

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа:100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“.

156 (4) ■ бизнис > економија ■ 17-Oct 09:18 -> 17-Oct 09:48
.
.
.
.

ПРОТЕКЦИОНИЗМОТ НЕ ТРЕБА ДА Е ОДЛИКА НА ТРГОВИЈАТА Азески се заложи за слободна и фер трговија на Коморскиот самит во Истанбул

  • Азески од Самитот во Истанбул: Слободната и фер трговија треба да биде приоритет во глобалната економска трансформација

Слободната и фер трговија треба да биде приоритет, наспроти протекционистичките трендови во одредени области, заклучија највисоките претставници од коморите и деловните лидери на Самитот на Европа и Азија, што се одржа во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап кон климатска акција”, кој е во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). Тие дебатираа за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и климатските промени.

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески учествуваше на Самитот на Европа и Азија, што се одржа во Истанбул, на тема: „Колаборативен пристап кон климатска акција“, во организација на Светската коморска федерација (World Chambers Federation – WCF) и Унијата на комори и стокови берзи на Турција (TOBB). Дебатирајќи за улогата на коморите во поттикнувањето на глобалната економска трансформација и климатските промени, највисоките претставници од коморите и деловните лидери се согласија дека слободната и фер трговија треба да биде приоритет, наспроти протекционистичките трендови во одредени области.

227 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Oct 14:24 -> 16-Oct 18:06
.
.
.
.

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

  • Таксата на ЕУ за јаглерод диоксид ќе биде нов удар за цената на струјата во Македонија

Имплементирање на пакетот за чиста енергија и на пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија кои се однесуваат пред се на поврзување на пазарите на електрична енергија во земји членки на ЕУ и во земји кои не се членки на ЕУ, е тема на разговор на денешниот состанок во Скопје на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија, чиј коорганизатор е Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). - Во рамките на Балкан енерџи скул, којшто е основан од регулатори од Балканот вклучувајќи ја и РКЕ на Македонија, денеска имаме чест да ни ги презентираат искуствата во земјите членки, пред се во Италија и Грција, Тоа ни претставува особена чест и задоволство, имајќи во предвид дека Македонија уште со министерката одлука кон крајот на 2022 година презема обврски овој пакет за чиста енергија и пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија да ги имплементира во текот на 2023 и почетокот на 2024 година.

Воведувањето на таксата за јаглерод диоксид која ЕУ ја планира од први јануари 2026 година ќе направи сериозен притисок на домашното производство на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со оглед на тоа дека базната струја се произведува во термоелектрани кои користат јаглен.

22 (6) ■ сцена > култура ■ 16-Oct 20:44 -> 18-Oct 11:41
.
.
.
.

Книжевна вечер во чест на академик Влада Урошевиќ

  • Старовремска книжевна вечер во чест на 90. роденден на Влада Урошевиќ

Книжевна вечер посветена на академик Влада Урошевиќ ќе организираат „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ денеска од 19 часот во „Дајмонд мол“, со која ќе бидат одбележани 90 години од раѓањето на овој македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач и професор во пензија на Филолошкиот факултет на УКИМ.

Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, денеска (18 октомври), со почеток во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи „старовремска“ книжевна вечер.

212 (4) ■ сцена > култура ■ 16-Oct 07:30 -> 17-Oct 19:13
.
.
.
.

КАДЕ ЈАДАТ ДВАЈЦА, ЈАДАТ И ТРОЈЦА За храната, за гладта, за тоа што е кошер, а што не е, за мирисот на пандишпанот…

  • Изложба „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија

„Мириса на пандишпан“, изложбата која е поставена во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје е посветена на сефардската традиционална кујна на македонските Евреи од населувањето до денес, преку фотографии, предмети, разни видови храна, рецепти, прибор за јадење и готвење.

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населувањето до денес, со која се презентира и популаризира дел од културното наследство на Евреите.