1 (22) ■ вести > балкан > регион ■ 15-Oct 08:25 -> 15-Oct 11:41
.
.
.
.

Рама од Луксембург: Албанија ќе ја подготвиме за ЕУ ​​до 2030 година

  • Рама: Благодарение на Путин и најскептичните согледаа дека Западниот Балкан и е потребен на ЕУ

  • Албанија го отвора првиот кластер на преговори за пристапување во ЕУ

Премиерот Еди Рама, кој ја предводи албанската делегација на втората меѓувладина конференција Албанија-ЕУ, од Луксембург порача дека "Албанија ќе биде подготвена за ЕУ ​​до 2030".

Се чувствувам многу возбудено и многу охрабрено што конечно ќе го започнеме најтешкиот дел од работата во преговорите за членство во ЕУ, што подразбира отворање на кластерот „Основни вредности“, изјави денеска во Луксембург албанскиот премиер Еди Рама пред почетокот на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, со што Тирана практично ги започнува пристапните преговори по кластери.

Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ. Во Луксембург ќе се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Северна Македонија на крајот на септември.

6 (96) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 13-Oct 10:11 -> 14-Oct 18:19
.
.
.
.

Сведочење на мајката на убиената Вања: Таткото од прв момент тврдеше дека е киднапирана, ја баравме во напуштена куќа на Партизанска, а таткото барал и во Арачиново

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Мајката на Вања и роднини на велешанецот Панче сведоци на денешното рочиште

  • Мајката на Вања Ѓорчевска и роднини на Панче Жежовски ќе сведочат на судењето за двојното убиство

Мајката Зорица Ѓорчевска на денешното сведочење изјави дека дента на злосторот, нејзината ќерка излегла од дома во 7:20 и тргнала на школо, но 20-тина минути подоцна и стигнала порака од класната на Вања дека не е стигната во школо.

Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов се изјаснија за невини.

Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања Ѓорчевска, и роднини на велешанец Панче Жежовски денеска ќе сведочат на рочиштето за двете убиства.

Денеска на судското рочиште за убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски ќе сведочат мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, и роднините на Жежовски, Ана и Тодор Киркови.

8 (5) ■ вести > македонија > политика ■ 15-Oct 09:44 -> 15-Oct 11:00
.
.
.
.

Мицкоски од Берлин: Мораме да направиме големи чекори напред за народот да почувствува подобрување

  • Премиерот Мицкоски ќе има излагање во Стопанската комора на Германија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска имал работен појадок со претставници на Германската стопанска комора во Берлин, на кој зборувал за владините приоритети за инвестиции во патната инфраструктура, изградба на клучните коридори и инвестициите во енергетиката.

Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски во рамки на работната посета на Берлин и учеството на Берлинскиот процес, денеска ќе има излагање во Стопанската комора на Германија (OA-Ost-Ausschuss der Deutschen Wirtschaft). Како што информира владината прес-служба, премиерот ќе ги презентира економските планови и плановите за инвестиции во енергетиката и инфраструктурата и можностите за соработка и инвестиции на германските компании кои веќе се присутни на македонскиот пазар.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија