Во Основниот Кривичен суд Скопје денеска заврши сведочењето на обвинетиот Љупчо Палевски во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Во oсновниот Кривичен суд во Скопје денеска во 10 часот продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски кој ќе одговара на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната.
На денешното рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во Кривичниот суд во Скопје, обвинетиот Љупчо Палевски одговараше на вкрстени прашања од Јавното обвинителство.
Обвинителката Жаклина Јосифовска го праша Палевски каде всушност одел, кога тргнал на пат за Белград, четири дена по убиството на Вања, со оглед на тоа дека тој претходно тврдеше дека го боли половината и одел натака за второ мислење за болеста но, според обвинителката, тој со себе немал ни еден лист од медицинската документација, туку носел цела опрема за подкаст.