На протестот во Неготино, сестрата на загинатата Фросина Кулакова, Росица Кулакова истакна дека проблемите во општеството потекнуваат од судскиот систем кој не ги казнува соодветно злоделата.
Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ ќе се одржи денеска во Неготино, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи.
На плоштадот во Неготино попладнево родителите на Фросина Кулакова, жртва на тешката сообраќајна несреќа на „Партизанска“ во Скопје како и граѓани, роднини и пријатели запалија свеќи и одржаа мирен протест барајќи правда за прерано згаснатиот живот.