Центарот за управување со кризи информира дека на територија на Македонија има три активни пожари.
На територијата на државата денеска до 18:30 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и два пожари во ниска вегетација во село Романце, во Општина Куманово и село Таринци, во Општина Карбинци.
Фото: „Нова Македонија“/илустрација Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека до 8 часот на територијата на државава се евидентирани три активни пожари.