1 (5) ■ вести > свет ■ 18-Oct 07:59 -> 18-Oct 09:23
.
.
.
.

Израел го уби Синвар, лидерот на Хамас, светстките лидери гледаат можност за завршување на војната во Газа

  • Фон дер Лајен, Стармер и Макрон гледаат можност за завршување на војната во Газа по смртта на Синвар

Лидерот на Хамас, ЈахјаСинвар, организаторот на нападот на 7 октомври 2023 година, со кој почна војната во Газа, беше убиен во синоќа (17.10.2024) за време на операција на израелските војници во палестинската енклава.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за клучен во организирањето на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година, „значително“ го ослабува Хамас.

5 (35) ■ вести > свет ■ 17-Oct 15:32 -> 18-Oct 09:02
.
.
.
.

Како Израел го најде и уби лидерот на Хамас?

  • Хезболах влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по убиството на Синвар

  • Израелците добија потврда дека го убиле лидерот на Хамас

  • Што досега се знае за судбината на шефот на Хамас, Јахја Синвар

Израелската војска повеќе од една година трага по лидерот на Хамас, кој исчезна во Газа набргу откако го организираше масакрот на 7 октомври.

Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека преминува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по атентатот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во која ќе користи наведувани проектили за да ги гаѓа израелските војници.

Израелскиот Канал 12 добил потврда од висок израелски функционер дека лидерот на Хамас Јахја Синвар е елиминиран.

Израел соопшти дека проверува дали го убиле шефот на Хамас Јахја Синвар, што би било огромен удар за палестинската милитантна група по повеќе од една година борби во Газа.

7 (51) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Oct 17:41 -> 17-Oct 22:38
.
.
.
.

Директорот на АНБ бил разрешен оти не му праќал извештаи на премиерот – и тој што го добил личел на вести од порталите

  • Проф. Пивоваров за ЦИВИЛ: Со Агенцијата за национална безбедност треба да раководи човек на државата – a не човек на партијата

  • Бојан Христовски е нов директор на АНБ

  • СДСМ: Власта спроведува опасна партизација, новиот директор на АНБ треба веднаш да се разреши и да се именува нов

Како претседател на Владата повеќе од два месеца не добив ниту еден извештај од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), додека некои други добиваа, што не се во формалниот политички живот, ниту во институциите.

Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во дел од јавноста и медиумите, затоа што Христовски извршувал партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е во спротивност со стандардите на оваа институција важна за безбедноста на државата.

Бојан Христовски е назначен за нов директор на Агенцијата за национална безбедност, неофицијално пренесува Инфомакс, повикувајќи се на сопствени извори.

Со назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Владата на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат опасна партизација, како на АНБ, така и на клучните безбедносни институции, реагираат од опозицискиот СДСМ.

9 (37) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Oct 19:39 -> 18-Oct 09:23
.
.
.
.

Во Велес утре Ден на жалост поради тројцата велешани кои настрадаа во сообраќајка

  • Обвинител и екипи на МВР вршат увид на местото на сообраќајката на автопатот Скопје – Велес, повикан и вештак

  • Екипите се уште се на терен: Сообраќајот на патот Скопје-Велес целосно блокиран

  • Познат идентитетот на загинатите во сообраќајката кај Катланово

На денешната редовна 55. седница, Советот на Општина Велес донесе едногласна одлука, утрешниот ден, 18 октомври 2024 година, да го прогласи за Ден на жалост поради трагичната смрт на тројцата сограѓани во сообраќајната несреќа што се случи вчера, на 16 октомври 2024 година, на автопатот Скопје-Велес.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и увидни екипи на МВР вечерва вршат увид на лице место на сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Велес, информира ЈОРМ.

Од 17.45 часот поради случена сообраќајна незгода на автопатот Скопје -Велес, пред тунелот, блокирани се двете сообраќајни ленти, информираат од АМСМ.

Три лица го загубија животот, а петмина се тешко повредени во сообраќајната несреќа која вчера попладне се случи на автопатот Скопје – Велес, пред тунелот кај Катланово.

10 (64) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Oct 07:25 -> 18-Oct 09:22
.
.
.
.

Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, ќе се испитуваат нови сведоци

  • Во Кривичен продолжува судењето за двојното убиство на Вања и Панче

  • Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Исечен бил кабелот од камерата која снимала кон зградата каде што беше киднапирана Вања

Денеска продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Со изведување на докази од страна на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска во 10 часот треба да продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Камерата која можела да ги даде сите одговори за киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, а која снимала спроти влезот на зградата во која живееле, во кобниот момент не работела бидејќи кабелот и бил пресечен.

11 (29) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Oct 08:18 -> 17-Oct 20:24
.
.
.
.

ЛК: Комисијата за етички и правни прашања ќе ги разгледува извештаите за починатото бебе во Скопје и родилката од Куманово

  • Таравари: За законот за правична застапеност повторно ќе ангажираме експерти со „сенс“ за оваа работа

  • Таравари за починатото 14-месечно бебе: Не сум судија, ниту обвинител – директорите да преземат мерки за докторите што направиле превид

Во текот на денешниот ден ќе се одржи состанок на Комисијата за етички и правни прашања, ќе се разгледаат извештаите за починатото дете и за извршениот надзор над стручната работа на ЈЗУ Општа болница – Куманово во врска со лекувањето и третманот на починатата родилка и нејзиното новороденче, подготвени од комисија формирана од министерот за здравство – информираат попладнево од Лекарската комора.

Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, денеска појасни дека имало предлог-закон за правична застапеност од нивна страна.

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека досега нема поднесено ниту една жалба за извештајот што е испратен до Клиниката за детски болести и Клиниката за белодробни заболувања кај децата „Козле“, а кој е изготвен по извршениот стручен надзор откако почина 14-месечно бебе.

Повеќе од
оваа категорија

89 (6) ■ бизнис > економија > политика ■ 17-Oct 11:44 -> 17-Oct 13:00
.
.
.
.

Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо со намалувањето на цените во трговијата на големо, вели министерот Дурмиши

  • Во изминатите 100 дена бевме силно посветени на поддршката на бизнисот, домаќинствата и заштитата на животниот стандард на граѓаните

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа: 100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“ Дурмиши кажа дека министерството го затекнал во состојба на целосна дисфункционалност, но изминатите три месеци посветено работел на зајакнување на капацитетите за работа, како и приоритетите кои ќе ни бидат во иднина.

Министерството за економија и труд со реорганизацијата на институциите имаше најмногу промени во надлежностите, но и и покрај овој голем предизвик во изминатите 100 дена бевме посветени на поддршката на бизнисите и домаќинствата, и на заштитата на животниот стандард на граѓаните, кажа министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на трибината: Платформа:100% посветени на тебе на тема “Проекти, инвестиции и реформи во економијата, финансии и јавна администрација“.

197 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Oct 14:24 -> 16-Oct 18:06
.
.
.
.

„ЌЕ НИ ТРЕБА СЕРИОЗНА ФИНАНСИСКА ИНЈЕКЦИЈА ОД ЕК“: Беслимоски дециден „сериозен притисок врз економиите“

  • Таксата на ЕУ за јаглерод диоксид ќе биде нов удар за цената на струјата во Македонија

Имплементирање на пакетот за чиста енергија и на пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија кои се однесуваат пред се на поврзување на пазарите на електрична енергија во земји членки на ЕУ и во земји кои не се членки на ЕУ, е тема на разговор на денешниот состанок во Скопје на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија, чиј коорганизатор е Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). - Во рамките на Балкан енерџи скул, којшто е основан од регулатори од Балканот вклучувајќи ја и РКЕ на Македонија, денеска имаме чест да ни ги презентираат искуствата во земјите членки, пред се во Италија и Грција, Тоа ни претставува особена чест и задоволство, имајќи во предвид дека Македонија уште со министерката одлука кон крајот на 2022 година презема обврски овој пакет за чиста енергија и пакетот за интеграција на пазарите на електрична енергија да ги имплементира во текот на 2023 и почетокот на 2024 година.

Воведувањето на таксата за јаглерод диоксид која ЕУ ја планира од први јануари 2026 година ќе направи сериозен притисок на домашното производство на електрична енергија во Македонија, Србија, Косово, БиХ и Црна Гора со оглед на тоа дека базната струја се произведува во термоелектрани кои користат јаглен.

178 (4) ■ сцена > култура ■ 16-Oct 07:30 -> 17-Oct 19:13
.
.
.
.

КАДЕ ЈАДАТ ДВАЈЦА, ЈАДАТ И ТРОЈЦА За храната, за гладта, за тоа што е кошер, а што не е, за мирисот на пандишпанот…

  • Изложба „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија

„Мириса на пандишпан“, изложбата која е поставена во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје е посветена на сефардската традиционална кујна на македонските Евреи од населувањето до денес, преку фотографии, предмети, разни видови храна, рецепти, прибор за јадење и готвење.

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, вечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Мириса на пандишпан“ – сефардската кујна на Евреите од Македонија од населувањето до денес, со која се презентира и популаризира дел од културното наследство на Евреите.