1 (5) ■ спорт > фудбал ■ 12-Mar 08:58 -> 12-Mar 23:09
.
.
.
.

Арсенал и Астон Вила го чекираа билетот за четвртфинале

  • Арсенал и Астон Вила го заверија четвртфиналето, во Мадрид - продолженија (ВИДЕО)

Во првите дуели, Арсенал и Астон Вила обезбедија значителна предност, па денеска само требаше да ја завршат својата задача рутински против ПСВ и Клуб Бриж.

По вчерашната елиминација на Ливерпул, преостанатите две екипи во Лигата на шампионите, Арсенал и Астон Вила вечерва го заверија пласманот во четвртфиналето од ова натпреварување.

2 (92) ■ вести > македонија > хроника > крими хроника ■ 12-Mar 07:00 -> 12-Mar 20:24
.
.
.
.

Манев: Претрпев тортура во полицијата и затворот, Ѓорчевски воопшто не е вмешан во случајот

  • Палчо му испука куршум во слепоочница на Жежевски и го уби, тврдеше во судница обвинетиот Манев

  • Првите два искази на Манев не се совпаѓаат со денешниот, судот прифати да се читаат исказите кога биле пронајдени телата

  • Вања била грабната по грешка, требале да го киднапираат директорот на Гранит, а потоа ќерка на сопственик на веледрогерија

Во текот на сведочењето Велибор Манев, обвинет за убиство на Вања и Панче, денеска пред Судот изјави дека претрпел тортура при испитувањето од службените лица.

Пред да биде грабната 14-годишната Вања, првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо на обвинетите им рекол дека ќе грабнуваат 38-годишна жена, ќерка на сопственик на веледрогерија, сведочеше обвинетиот Велимир Манев.

Денеска во Кривичен суд, сведочеше Велибор Манев, еден од обвинетите за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Обвинетиот Велибор Манев на денешното судење изнесе шокантни детали за киднапирањето на Вања.

5 (6) ■ вести ■ 12-Mar 20:38 -> 12-Mar 22:01
.
.
.

Македонија одлично почна, па застана… Словенците со цел плен го напуштаат Скопје

  • Словенија сепак пресилна за Македонија, „змајчеки“ победија во Скопје

Македонската ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз во квалификациите за ЕП 2025 откако вечерва загуби на домашен терен од Словенија со 26-32. Конечниот исход е разочарувачки ако се земат во предвид супериорните први дваесетина минути во кои нашата репрезентација имаше шест гола предност, но не успеа да го издржи темпото, а одличниот словенечки состав предводен од Влах и Јанц направи целосен пресврт, на крајот стигнувајќи и до убедлива победа.

Пред преполни трибини во сц „Борис Трајковски“ во Скопје, македонската ракометна репрезентација вечерва имаше одличен прв и очаен втор дел од квалификацискиот дуел за Евро 2026 против Словенија.

6 (39) ■ вести > балкан > регион ■ 10-Mar 12:06 -> 12-Mar 18:00
.
.
.
.

Обвинителството на Босна и Херцеговина нареди Додик да биде приведен

  • Додик повикан на распит во Обвинителството на БиХ за поткопување на уставниот поредок

  • (Видео) Додик за налогот за апсење: Овде пишува дека не бараат, како да сме Ал Каеда

  • Додик не дојде на сослушувањето во Обвинителството на БиХ

Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) издаде наредба за приведување на претседателот на Република Српска (РС), Милорад Додик, премиерот на РС, Радован Вишковиќ, како и претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, на сослушување.

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска се очекува да се јави во Обвинителството на БиХ како осомничен за напад на уставниот поредок на државата, откако потпиша указ со кој се прогласуваат закони за забрана на работата на Судот и Обвинителството на БиХ, како и на Агенцијата за истрага и заштита на БиХ на територијата на РС. Освен него, осомничени се и премиерот на Република Српска Радован Вишковиќ и претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ.

Претседателот на Република Српска Милорад Додик им се обрати на медиумите во Бања Лука откако обвинителството на Босна и Херцеговина утринава издаде налог за негово апсење.

Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик денеска не се појави на сослушувањето во Обвинителството на Босна и Херцеговина (БиХ) во Сараево, кое го сомничи за напад на уставниот поредок на БиХ.

7 (28) ■ вести > македонија ■ 12-Mar 09:59 -> 12-Mar 15:35
.
.
.
.

Буџетот за одбраната е два процента и тој ќе се зголемува со растот на економијата, најавува Мисајловски

  • Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина

  • Објавени огласи за прием на 300 нови професионални војници и 10 подофицери во Армијата

Сегашното издвојување од Буџетот за одбраната е над два проценти и тој процент ќе се зголемува со растот на економијата, но засега и наеднша е тешко остварливо да се постигнат пет проценти, рече министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Нема да има македонски војници на украинско тло, тоа досега никој не го побарал од нас како држава, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски по посетата на припадниците на Првиот пешадиски баталјон на Армијата во касарната „Чеде Филиповски – Даме“ во Кичево.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска преку објава на Фејсбук соопшти дека е објавен јавен оглас за прием на 300 нови професионални војници и оглас за 10 подофицери во Армијата.

10 (17) ■ вести > македонија > политика ■ 11-Mar 10:58 -> 12-Mar 17:16
.
.
.
.

Рокас: Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, ЕУ лидери ќе го посетат Скопје во следните месеци

  • Рокас: Реформите во јавните финансии се клучни за секоја држава што се подготвува за ЕУ

Постои интензивна дипломатска активност за решавање на прашањето со Бугарија, во таа насока лидери на Европската Унија ќе го посетат Скопје во следните месеци, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас, по поставување камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“.

Реформите во јавните финансии се клучен чекор за секоја држава што се подготвува за членство во ЕУ, порача денеска евроамбасадорот Михалис Рокас пред членовите на собраниските комисии за економски прашања и финансирање и буџет.

12 (47) ■ вести > свет ■ 10-Mar 09:18 -> 12-Mar 19:05
.
.
.
.

Стапуваат во сила царините од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум во САД

  • Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците, им се заканува со исклучување

  • Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД

  • Трамп им врати на Канада: Ќе вратиме се на 2 април, не ни требаат вашите производи

Од денеска стапуваат во сила царините од 25 отсто што американскиот претседател Доналд Трамп ги воведе за увоз на челик и алуминиум во Соединетите Американски Држави.

Канадската покраина Онтарио денеска објави дека веднаш ја зголемува цената на електричната енергија за 25 проценти за американските домаќинства, како одговор на царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп.

Премиерот на канадската покраина Онтарио, Даг Форд, денеска изјави дека привремено го суспендира планираниот намет од 25 отсто за извоз на електрична енергија во САД, откако американскиот секретар за трговија, Хауард Латник, се согласи на обновени трговски преговори.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп повторно ги критикуваше канадските власти и порача дека Америка наскоро ќе покаже дека не им требаат канадски производи.

13 (55) ■ вести > македонија > политика ■ 10-Mar 12:19 -> 12-Mar 17:14
.
.
.
.

ДКСК ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација

  • Антикорупциска отвори предмет за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација

  • Кузеска: Скандал во Министерството на Андоновски- жената државен секретар, мажот добива тендери

  • СДСМ: Андоновски го призна скандалот со тендерите, итно да си поднесе оставка

Државната комисија за спречување на корупција отвора предмет за обвинувањата на опозицијата со тендерите во Министерството за дигитална трансформација.

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ќе утврдува дали има судир на интереси во случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација.

Денес продолжуваме со објавување на серијата скандали поврзани со тендерските мрежи на ДПМНЕ.

Андоновски ги призна и ги потврди информациите на СДСМ, а со тоа и скандалот во кој тендерите во неговото министерство ги има добиено сопругот на државната секретарка Гордана Клинчарова, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговор на денешната прес-конференција на министерот за дигитална трансформација.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

123 (7) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 18:50 -> 11-Mar 20:23
.
.
.
.

Божиновска: Чешка е подготвена да поддржи инвестиции во македонската енергетика

  • ДОГОВОРЕНА БРЗА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА Чешки компании ќе вложат милиони во енергетски проекти

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска во Прага одржала работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки и со директорот за нови енергетски технологии Јан Прашил.

Делегација предводена од министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска во Прага одржа работен состанок со директорот на економскиот сектор при чешкото Министерство за индустрија и трговија, Едуард Мурицки, и директорот за нови онологии, Јан Прашил.

213 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 16:51 -> 11-Mar 18:34
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот

  • Димитриеска-Кочоска: Буџетот во 2025 е во функција на развојот

Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029.

Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за 2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и годината ја завршивме со јавен долг на ниво од 61,9% од БДП, а веќе од јануари 2025 година тој е под 60% од БДП, односно 58,4% од БДП по успешно реализираната отплата на Еврообврзницата издадена во 2018 година.

227 (4) ■ бизнис > економија ■ 11-Mar 14:00 -> 11-Mar 14:24
.
.
.
.

Бошков: Со дијалог можеме да постигнеме зголемени плати за сите работници

  • Бошков: Со дијалог помеѓу синдикатите и работодавачите треба да се дојде до решение за минималната плата

За секој сектор во секоја дејност се надеваме дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата, порача претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес – конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација.

Претедателот на бизнис конфедерацијата на Северна Македонија Миле Бошков на денешната прес - конференција по повод започнувањето на иницијатива за подигнување на јавната свест за трудовата експлоатација кажа дека се надева дека работниците и синдикатите ќе препознаат дека треба да се органзираат како би можеле да имаме колективно преговарање во кое ќе биде опфатена и минималната плата.

271 (5) ■ бизнис > економија > политика ■ 10-Mar 06:30 -> 11-Mar 14:32
.
.
.
.

Уникатноста на кинескиот политички систем е во беспрекорната организација

  • ОВА СЕ ТЕХНОЛОШКИТЕ „ВОЛШЕБНИЦИ ВО СЕНКА“, КОИ ЈА ОБЛИКУВАА ТЕХНОЛОШКАТА ИНДУСТРИЈА: Еве кој ја сочинува кинеската фантастична четворка

Од приемот на учесниците, преку процесот на разгледување на владините извештаи и одлуки, па до традиционалната церемонија на служење чај за време на третата седница на 14-от Национален комитет на Кинеската народна политичка консултативна конференција, целиот протокол се одвива беспрекорно прецизно, како според кореографија испланирана до најситни детали.

Напорните американски технолошки магнати често се многу гласни, се натпреваруваат, било меѓу себе или со кој било друг, да ја дадат најбомбастичната изјава, да ја лансираат најлудата идеја или едноставно да бидат најгласни во просторијата.

299 (4) ■ бизнис > економија ■ 10-Mar 09:54 -> 10-Mar 11:03
.
.
.
.

Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан, вели професорката Кикеркова

  • Проф. д-р Ирена Кикеркова во „Бизнис-клуб“: Во процесот на дигитализација на царината Македонија е пред земјите од Западен Балкан

Македонија е предводник меѓу балканските земји, па еден дел од проблемите во царинската соработка потекнува од тоа што нивото на дигитализација на царинското работење во Македонија е повисоко од она на земјите од Западен Балкан, па има проблем во поврзувањето со нив.

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ на Стопанската комора на Северна Македонија, гости кај претседателот Бранко Азески беа проф. д-р Ирена Кикеркова од Економскиот факултет при УКИМ Скопје и советникот на претседателот на Стопанската комора и претседател на Клубот на извозници при Стопанската комора, проф. д-р Дарко Лазаров од Економскиот факултет при УГД Штип, кои се осврнаа на почетоците на соработката со Стопанската комора и на соработката со претседателот Азески, кој ги вклучил во активностите на Комората користејќи ги нивните методолошки и научни знаења и искуства за состојбите во економијата, ставајќи ги во функција на бизнисот и на поддршката на нивните извозни активности.