1 (4) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 24-Apr 09:19 -> 24-Apr 09:30
.
.

По удар од гром загина маж од Прилепско

  • Гром усмрти жител од прилепско

Вчера, во селото Мажучиште, Прилепско, загина маж како последица од удар од гром, јави Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола, информира, дека преку бројот 112 вчера во 17.39 часот, била добиена пријава за починато лице за коешто јавувачот известил дека најверојатно е погодено од гром во село Мажучиште, Општина Прилеп.

6 (28) ■ вести > свет ■ 22-Apr 20:37 -> 24-Apr 09:23
.
.
.
.

Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја

  • БЕЛАТА КУЌА: Зеленски се движи во погрешна насока во преговорите

  • Зеленски признава дека разговорите биле „емотивни“, алудирајќи на спорот околу Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го засили притисокот врз украинскиот претседател Володимир Зеленски, повикувајќи го да прифати мировен договор за ставање крај на војната во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп е фрустриран од бавното темпо на разговорите за ставање крај на војната во Украина, а украинскиот претседател Володимир Зеленски оди во „погрешна насока“ кога станува збор за преговорите, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека мировните преговори во Лондон биле обележани со „емоции“ и вети дека Украина ќе се држи до својот устав, алудирајќи на критиките на САД . Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера призна дека мировните преговори во Лондон биле обележани со „емоции“ и вети дека Украина ќе се држи до својот устав, алудирајќи на критиките на САД за неговиот став дека Киев никогаш не може да ја признае руската контрола на полуостровот Крим.

7 (49) ■ вести > македонија > хроника ■ 23-Apr 07:00 -> 23-Apr 23:36
.
.
.
.

Палевски му го злоупотребува името за да се одбрани, вели Туфегџиќ, Александар реагира и за тезите дека било логично Зорица да биде убиена

  • Продолжува судењето за убствата на Вања и Панче – Палчо ќе добие нов адвокат по службена должност ако денеска не се појави неговиот

  • Страшевски: За убиството на Вања и Панче постојат клучни разлики во доказите и изјавите на обвинителството

  • Палевски пред суд: Доказите против мене се манипулативни и фалсификат

Обвинетиот Александар Ѓорчевски, преку адвокатот Владимир Туфегџиќ реагираше до судот бидејќи смета дека обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо се обидува да го злоупотреби неговото име за да се брани себеси.

Денеска во Кривичен суд е закажано ново рочиште за грозоморните убиства на малолетната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски.

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Љупчо Палевски, обвинет за убиството на Вања и Панче, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје истакна дека постојат значителни разлики меѓу изведените докази и изјавите на обвинителството.

Во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, каде што сведочи обвинетиот Љупчо Палевски.

9 (23) ■ вести > македонија > хроника ■ 23-Apr 14:47 -> 24-Apr 07:54
.
.
.
.

ЈАКИМОВСКИ: Пресудата е политички мотивирана

  • Стевчо Јакимовски и Томе Ѓурчиловски се виновни за бесправно градење на административната зграда на општина Карпош

  • Јакимовски: Одлуката на судот е скандалозна, ќе поднесеме жалба до Апелација

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски е изненаден од пресудата со која е осуден на затворска казна од три и пол години.

Стевчо Јакимовски и Томе Ѓурчиловски се виновни за бесправно градење на административната зграда на општина Карпош.

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој е осуден на три години и шест месеци затвор за две кривични дела злоупотреба на службена положба, денеска пред општинската зграда изјави дека одлуката на Основниот кривичен суд е скандалозна и оти нема ниту еден доказ против него.

12 (19) ■ вести > македонија > политика ■ 22-Apr 21:04 -> 24-Apr 09:11
.
.
.
.

Средба Николоски – Томас во Лондон: Во фокусот економската и стратешка соработка помеѓу двете држави

  • Вицепремиерот Николоски во работна посета на Обединетото Кралство

Македонија и Обединетото Кралство имаат силни економски односи, трговската соработка е на високо ниво, а можноста за зацврстување на таквата соработка ја гледаме преку нови инвестиции и пренесување на нови искуства и знаења, истакнал потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на средбата со Герет Томас, министер за економија и извоз во Владата на Обединетото Кралство, соопшти Министерството за транспорт.

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од вчера е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

39 (8) ■ бизнис > македонија ■ 23-Apr 10:42 -> 23-Apr 12:48
.
.
.
.

СЕКОЈ ТРГОВЕЦ КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ДОБАВУВАЧ, ГО УЦЕНУВА И ДИКТИРА УСЛОВИ, РИЗИКУВА САНКЦИИ - се огласи КЗК: Да се почитува Законот за забрана на нефер трговски практики

  • КЗК: Почнуваат почести контроли – трговците мора да ги прекинат нефер практиките

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упатува јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр. 66/24“), со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите.

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) упати јавно предупредување и повик до сите големи трговски синџири, супермаркети, добавувачи и дистрибутери да постапуваат строго согласно Законот за забрана на нефер трговски практики („Службен весник на РСМ бр. 66/24“), со цел да се обезбеди фер, транспарентен и законски пазар во интерес на економијата, производителите и потрошувачите.

138 (6) ■ бизнис > економија ■ 22-Apr 11:10 -> 23-Apr 09:36
.
.
.
.

ТАВ Македонија го доби сертификатот Great Place To Work®

  • ТАВ Македонија го доби сертификатот „Одлично место за работа“

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот Great Place To Work® (“Одлично место за работа”), како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.

Сертификатот Great Place To Work® („Одлично место за работа“) е уште едно признание за ТАВ Македонија во областа на управувањето со човечките ресурси, по наградата „Најпосакуван работодавач” која ја доби во април 2024 ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, аеродромски оператор на два македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, го доби сертификатот како глобален репер за „избран работодавач од вработените“ којшто компаниите се стремат да го постигнат.