1 (9) ■ вести > свет ■ 27-Sep 08:02 -> 29-Sep 19:00
.
.
.
.

Израел го нападна Јемен

  • Израел потврди дека го нападнал Јемен

Гардијан цитира извештаи за воздушен напад врз пристанишниот град Ал-Худаида во Црвеното Море во Јемен.

Израелската војска потврди дека нападнала цели на хутите во Јемен.

3 (100) ■ вести > свет ■ 27-Sep 07:30 -> 29-Sep 18:08
.
.
.
.

Израел во состојба на готовност по убиството на лидерот на Хезболах

  • Нетанјаху: Нема место во Иран или на Блискиот Исток до кое нема да допре долгата рака на Израел

  • Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, рече Нетанјаху во ОН

  • Нетанјаху: Израелските тимови ќе ги продолжат разговорите за прекин на огнот во Либан

Израелската армија соопшти дека Израел е во состојба на готовност за поширок конфликт откако објави дека го убила лидерот на Хезболах, Саид Хасан Насрала во Бејрут.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече убиениот шеф на Хезболах „централниот мотор“ на иранската „оска на злото“ и потврди дека Израел стои зад неговото убиство.

Мојата земја е во војна, сака мир и се бори за своето постоење, изјави денеска од говорницата на ОН израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелските тимови одржаа состаноци за да разговараат за предлозите на САД за прекин на огнот во Либан и ќе продолжат со разговорите во наредните денови, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, додавајќи дека ги цени американските напори.

9 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Sep 10:40 -> 29-Sep 16:00
.
.
.
.

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја закочи европската иднина на Македонија и сега ги прави граѓаните жртви на своите политички игри

  • Поразот кон ЕУ е дело на СДСМ

  • СДСМ: По дебаклот со раздвојувањето на Албанија и Македонија ВМРО-ДПМНЕ ги прави граѓаните будали

Раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Во само една недела се покажа дека Брисел не им поверува на нашите па пристигна одлуката за За нас, барем засега, останува условот за одржување на Втора меѓувладина конференција преку спроведување на уставните измени со кои Бугарите треба да се внесат во македонскиот Устав, пишува Ивор Мицковски во и фаќа сеир од ваквиот исход, презадоволни дека на европско ниво успеале да ја закочат Македонија, со проблем кој самите го измислија и перфидно го наметнаа.

Од СДСМ велат дека раздвојувањето на Албанија од Македонија е само поради погрешните и штетни политики на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

11 (116) ■ вести > македонија > политика ■ 27-Sep 08:56 -> 29-Sep 10:16
.
.
.
.

Орбан се нуди како посредник додека унгарскиот амбасадор гласал да се раздвојат Албанија и Македонија, вели СДСМ

  • СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

  • Унгарија со план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија, за Орбан земјава мора да ги почне преговорите до крајот на годинава

  • Орбан: Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски пари можеме и ќе ви ги даваме

„Со големо чудење и разочараност СДСМ ја прими информацијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се нуди како посредник во односите меѓу Македонија и Бугарија.

Денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој престојуваше во официјална посета на Македонија, вчера од Охрид порача дека Унгарија има план како да го реши спорот меѓу Скопје и Софија.

Унгарија да биде посредник во спорот на земјава со Бугарија, ова е предлогот кој што Унгарскиот премиер Орбан му го кажал на Мицкоски по средбата во Охрид.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

60 (4) ■ бизнис > македонија ■ 29-Sep 10:59 -> 29-Sep 13:28
.
.
.
.

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

  • 📷 ФЕРОИНВЕСТ И БРАКО ДЕЛ ОД „RE-MEMBER 2024“ Инженерите на двете компании ги презентираа најновите технолошки достигнувања

Мехатронички решенија за управување со мали хидроелектрани, со електрични возила и со батериски системи, беа темите на кои инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО ги изложија последните достигнувања од инженерското работење на компанијата на настанот RE-MEMBER 2024, во организација на Машинскиот факултет во Скопје, со кој се одбележуваат 20 години од воведувањето на струдиската програма Мехатроника.

На настанот „RE-MEMBER 2024“, посветен на 20 години од воведувањето на студиската програма Мехатроника на Машинскиот факултет во Скопје, компаниите ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО ги презентираа своите најнови инженерски решенија.

198 (4) ■ сцена > култура ■ 27-Sep 10:30 -> 29-Sep 17:15
.
.
.
.

Интервју со Жарко Кујунџиски, главен уредник на „Антолог“: Работата во издаваштвото е алхемичарски потфат

  • Алесандро Барико и Јон Калман Стефансон- лауреати на „Букстар“

Книжевниот центар „Антолог“ бележи 25 години од основањето, а во периодот од 30 септември до 3 октомври ќе се одржи јубилејното 10. издание на фестивалот на европска литература „Букстар“ под слоганот „Метаморфози“ во „Лабораториум“.

Фестивалот „Букстар“ ја објави целосната програма за десетото издание и таа вклучува голем број атрактивни настани и импозантни авторски имиња од различни европски држави – Јон Калман Стефансон (Исланд), Алесандро Барико (Италија), Кристијан Новак (Хрватска), Здравка Евтимова (Бугарија), Жозе Луиш Пејшото (Португалија), Игор Маројевиќ (Србија), Паола Перети (Италија), Фарук Шехиќ (Босна и Херцеговина) и Мирженка Чехова (Чешка). Автор во фокусот од Македонија е Румена Бужаровска која ќе го прогласи фестивалот за отворен, но во програмата учествуваат уште четириесетина македонски писатели, универзитетски професори, критичари, музичари и друг вид претставници од издавачкиот и од културниот сектор.