1 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Oct 18:40 -> 26-Oct 22:44
.
.
.
.

Членовите на комисијата за помилување си поднесоа колективна оставка

  • Комисијата за помилување поднесе колективна оставка

  • Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на Комисијата за помилување

Професорот на Правниот факултет – Гордан Калајџиев на Фејсбук објави напиша дека членовите на Комисијата за помилување поднесуваат колективна оставка од позициите.

Професорот Гордан Калајџиев и член на Комисијата за помилување вечерва на неговиот фејсбук профил информираше дека членови на Комисијата поднеле колективна оставка.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на членовите на Комисијата за помилување, соопштија вечерва од кабинетот на претседателката.

2 (53) ■ вести > свет ■ 25-Oct 07:49 -> 27-Oct 00:03
.
.
.
.

Портпаролот на израелската армија го предупреди Иран од понатамошна ескалација

  • Иран соопшти дека двајца војници загинале во израелските напади на воени локации

  • Израел го нападна Иран

  • Њујорк Тајмс: Иран се подготвува за војна со Израел, но се обидува и да ја избегне

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари го предупреди Иран од понатамошна ескалација по завршувањето на израелските одмазднички напади врз Иран.

Двајца ирански војници се убиени во израелскиот напад на воени локации низ Иран, соопшти денеска армијата.

Израелската армија синоќа го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, мета биле 20 цели во таа земја, пренесе Ројтерс.

Иран се подготвува за војна со Израел, кој најави одмазда за иранскиот ракетен напад, но, исто така, се обидува да избегне ширење на конфликтот, пишува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на ирански претставници.

4 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Oct 12:33 -> 26-Oct 16:04
.
.
.
.

▷ Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ

  • Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор

  • Мицкоски посакува на изборите во Бугарија да победи партијата ГЕРБ на Борисов

Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека сега е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија затоа што вели се она што требало да биде содржано во писмото веќе е разговарано со лидерите од Европската унија и со претседателката Урсула Фон дер Лајен која во четвртокот беше во посета на земјава.

На бугарските граѓани им посакувам успешни, фер и демократски избори и да ја изберат најдобрата Влада што сметаат дека ќе работи во нивните интереси и што ќе промовира стабилност во регионот и добрососедски односи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги утрешните седми по ред парламентарни избори во последните три години во Бугарија.

5 (18) ■ вести > балкан > регион ■ 25-Oct 17:48 -> 26-Oct 19:26
.
.
.
.

Фон дер Лајен: Косово треба да преземе дополнителни чекори за му се укинат санкциите од ЕУ

  • Фон дер Лајен од Приштина: Потребна е навремена имплементација на договорот од Охрид

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на нејзината балканска турнеја денеска престојува во Приштина, изјави дека косовските власти мора да работат на следните чекори за да се дојде до точка кога земјите-членки на Европската унија ќе постигнат согласат да ги укинат мерките кон државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека за време на нејзиниот мандат приоритет ќе биде проширувањето на Европската Унија, со членство на сите шест земји од Западен Балкан.

8 (44) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Oct 08:11 -> 26-Oct 22:29
.
.
.
.

Го разбирам револтот на Костадинов, но одлуката за напуштање на ЗЕЛС е избрзана, вели Герасимовски

  • ​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

  • Јакимовски: ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

  • Јакимовски: Мојата порака за напуштање на ЗЕЛС не е сфатена сериозно, министрите да си ја вршат работата согласно закон

Општина Струмица изминатиот период се соочува со одредени притисоци и можни политички влијанија, но сметам дека одлуката на градоначалникот Костадин Костадинов за напуштање на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) е избрзана, рече денеска во гостување на Канал 77, градоначланикот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање информираше дека градоначалниците на Карпош и Струмица писмено ќе бидат поканети на средба во ЗЕЛС во понеделник.

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на нивната партија, а Орце Георгиевски е само една обична фигура на чело на ЗЕЛС, порача денеска градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, додавајќи дека неговата порака за напуштање не била сериозно сфатена.

ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ и нема никаква врска со идеите и развојот на локалната самоуправа.

9 (49) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Oct 07:00 -> 26-Oct 17:45
.
.
.
.

(ВИДЕО) Кузеска: Намалувањето на маржите се покажа како неефективна мерка – ги штити трговците наместо граѓаните

  • Шилегов: СДСМ е заробена партија, со двајца октроирани “лидери”

  • СДСМ: Стратегија за следните 20 години постои, во неа учествуваше и ВМРО-ДПМНЕ

  • СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Прифатете го предлогот за минимална плата од 450 евра заради граѓаните

Само неколку недели по воведувањето на владината мерка за намалување на цените на основните производи се покажа дека истата е целосно неефективна.

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, упати остри критики за поранешниот и актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, нарекувајќи ги тезгароши.

Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 е успешно подготвена и одамна е поднесена до Собранието.

На денешната прес конференција СДСМ уште еднаш ја повика ВМРО-ДПМНЕ и Владата да го прифати предлогот за поголема минимална плата од 450 евра затоа што тоа ќе значи бенефит за сите работници и нивните семејства, потенцирајќи дека тоа е вистинска потреба за подобар животен стандард на граѓаните.

12 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Oct 20:34 -> 27-Oct 00:00
.
.
.
.

Новиот шеф на македонската тајна служба е со фиктивна диплома за англиски јазик, објави бугарски Фактор

  • Стигна потврда од Бугарија, сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ е лажен, дали министерот Тошковски ќе му поднесе кривична пријава?

Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, ја презел функцијата со фиктивна диплома за англиски јазик од Пловдив, пишува бугарски „Фактор“.

Она што веќе подолго време, поточно од самото назначување на блискиот пријател на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и претседател на комитетот за Скопје на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, за нов директор на контраразузнавачката служба АНБ, на 16.10.2024 година, кружат сомнежи околу исполнување на потребните законски услови и документи за да ја заземе оваа важна функција, меѓу кои и едно од најгорливите прашања: дали новиот директор на македонските тајни служби можеби презентирал лажен сертификат за англиски јазик.

Повеќе од
оваа категорија

749703229 (4) ■ бизнис > мои пари ■ 24-Oct 13:36 -> 26-Oct 13:48
.
.
.
.

„РАЗВИВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ РЕШЕНИЈА ЗА ПО ПЕТ ГОДИНИ“ Фероинвест ги откри новите технологии на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024

  • ФЕРОИНВЕСТ на ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024: развиваме енергетски решенија за по 5 години

Сопственикот на Фероинвест, проф.д-р Кочо Анѓушев вели дека компанијата Фероинвест на годинешниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА во Скопје ќе претстави решенија за проблемот со вишокот електрична енергија од фотоволтаици, што е главен проблем во моментот, но дека нивните инженери веќе работат на енергетски решенија кои ќе се бараат по 5 или 6 години.

Сопственикот на Фероинвест, проф.д-р Кочо Анѓушев вели дека компанијата Фероинвест на годинешниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА во Скопје ќе претстави решенија за проблемот со вишокот електрична енергија од фотоволтаици, што е главен проблем во моментот, но дека нивните инженери веќе работат на енергетски решенија кои ќе се бараат по 5 или 6 години.