1 (10) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 20-Sep 07:35 -> 20-Sep 08:54
.
.
.
.

Започнува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Почнува судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска започнува судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Денеска во Основен кривичен суд е закажано рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

2 (9) ■ вести > свет ■ 18-Sep 10:45 -> 20-Sep 08:47
.
.
.
.

Фон дер Лајен: ЕУ ќе и додели на Украина 160 милиони евра за снабдување со струја

  • Фон дер Лајен пристигна во Киев: Почнува грејната сезона, знаеме што прави Русија

Европската комисија ќе и додели дополнителна поддршка на Украина вредна околу 160 милиони евра, што ќе и помогне земјата да покрие над 25 отсто од своите потреби за електрична енергија, најави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која рано изутринава допатува во посета на Киев.

Претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен денеска објави дека пристигнала во украинскиот главен град Киев за да разговара за европската поддршка, зимската подготвеност, одбраната и напредокот во заемите од Г7. – Мојата осма посета на Киев доаѓа бидејќи грејната сезона започнува, а Русија продолжува да ја таргетира енергетската инфраструктура – изјави Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х. My 8th visit to Kyiv comes as the heating season starts soon, and Russia keeps targeting energy infrastructure. We will help Ukraine in its brave efforts. I come here to discuss Europe’s support. From winter preparedness to defence, to accession and progress on the G7 loans. — Ursula von der Leyen (@vonderleyen) Фон дер Лајен вчера рече дека сума од 160 милиони евра од приходите од замрзнатите руски средства ќе бидат доделени за задоволување на итните хуманитарни потреби на Украина за оваа зима.

4 (105) ■ вести > македонија > политика ■ 18-Sep 10:10 -> 20-Sep 08:22
.
.
.
.

Мицкоски од Брисел: Ултиматуми не можеме да прифаќаме, критериум за членство во ЕУ да бидат постигнувањата

  • Од денеска до петок Мицкоски во работна посета на Брисел

  • Мицкоски од Брисел: Процесот на интегрирање во ЕУ да се темели на постигнувања, а не на билатерални прашања

  • Мицкоски за посетата на Брисел: Подготвивме најквалитетен документ за Планот за раст, ќе ги одбраниме и националните интереси

Интеграцијата во Европската Унија треба да биде процес во кој одлучувачки фактор ќе бидат постигнувањата, а не билатералните прашања, бидејќи ние повеќе не можеме да прифаќаме ултиматуми и за нас е неприфатлив принципот „тие се таму, а вие сте надвор“.

Од денеска 18.09.2024 (среда) до 20.09.2024 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски и Министерот за европски прашања Орхан Муртезани ќе престојува во работна посета на Брисел.

Процесот на интегрирање во рамките на Европската Унија да се темели на постигнувања, а не на билатерализација, односно на билатерални прашања, порача денеска од Брисел премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека на средбите уште еднаш потенцирал „дека ние не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми и за нас принципот тие се таму, вие сте надвор не е прифатлив“, како и дека „остануваме фокусирани да предлагаме решенија, и ако навистина има желба, тогаш има и начин“.

Премиерот Христијан Мицкоски во пресрет на посетатата на Брисел посочи дека на дневен ред ќе биде Планот за раст, а доколкку стане збор за евроинтеграцискиот процес ќе ги брани и одбрани македонските национални интереси.

7 (39) ■ вести > свет ■ 18-Sep 08:00 -> 20-Sep 09:00
.
.
.
.

Израел изврши серија напади врз Либан

  • Израел стои зад смртоносните експлозии на пејџери што беа насочени кон Хезболах и ранија илјадници во Либан

  • Две деца се меѓу загинатите од експлозии на пејџери во Либан

  • „Гардијан“: Пејџерите кои експлодираа во Либан биле произведени од компанија во Европа

Израелските борбени авиони синоќа извршија бомбардирање на цели на Хезболах во јужен Либан, погодувајќи стотици ракетни фрлачи подготвени за напади врз израелска територија.

Хезболах вети дека ќе одговори на вчерашниот израелски напад во кој се убиени неколку луѓе и рани илјадници низ Либан, кога пејџери што припаѓаат на членови на групата поддржана од Иран експлодираа речиси истовремено, што откри масивен безбедносен пробив и ја покажа големината на израелското разузнавање, објави Си-Ен-Ен, пренесе МИА.

Две деца на 8 и 11 години се меѓу 12-те загинати од експлозии на пејџери што вчера се случија во Либан, пишува Би-би-си пренесувајќи ја изјавата на либанскиот министер за здравство Фирас Абијад.

Тајванскиот производител кој се поврзува со пејџерите кои експлодираа во вчерашниот смртоносен и ненадеен напад во Либан насочен против Хезболах, тврди дека телекомуникациските уреди биле направени во Европа, објави британски „Гардијан“.

10 (24) ■ вести > свет ■ 18-Sep 08:19 -> 20-Sep 07:17
.
.
.
.

Трамп рече дека „најверојатно“ ќе се сретне со Зеленски следната недела

  • Трамп: Жена го забележала атентаторот, реагирала неверојатна, жените се попаметни

  • Трамп: Веќе подолго време барам повеќе луѓе и подобра безбедност

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „веројатно“ ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој следната недела ќе престојува во САД за да се обрати на состанокот на Советот за безбедност на ОН за војната на Русија во неговата земја.

Дoналд Трамп ја пофали „неверојатната“ реакција на една жена, за која рече дека го следела напаѓачот додека бегал по обидот за атентат.

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека има „слабост“ во напорите да се заштити и дека долго време бара повеќе персонал во неговиот тим за безбедност.

Повеќе од
оваа категорија

31 (8) ■ спорт > кошарка ■ 19-Sep 15:48 -> 20-Sep 08:24
.
.
.
.

Министерството за спорт ќе исплати 3 милиони денари на младите кошаркари за првото место на ЕП

  • Министерството за спорт ќе ја исплати премијата на македонската кошаркарска репрезентација за првото место на ЕП (18) од Б дивизија

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори.

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје.

Повеќе од
оваа категорија