Ранетиот лав е најопасен: Ѓоковиќ го елиминира Де Минор и обезбеди четвртфинале на ВимблдонСрпскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ продолжува со одличните настапи на Вимблдон, откако денес извојува важна победа над Австралиецот Алекс Де Минор со 3:1 во сетови – 1:6, 6:4, 6:4, 6:4 – и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум на престижниот гренслем турнир.
Најтрофејниот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, успешно го мина предизвикот наречен Алекс Де Минер, иако мораше да вложи малку повеќе напор за да се пласира во четвртфиналето на Вимблдон.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон со победа над Австралиецот Алекс де Минаур со резултат од 1:6, 6:4, 6:4, 6:4. Српскиот тенисер се пласираше во своето 16-то четвртфинале на најпознатиот тениски турнир, а за место во полуфиналето ќе игра против Флавиус Коболи, Италијанецот кој денес го елиминираше Марин Чилиќ.