Мајката Зорица Ѓорчевска на денешното сведочење изјави дека дента на злосторот, нејзината ќерка излегла од дома во 7:20 и тргнала на школо, но 20-тина минути подоцна и стигнала порака од класната на Вања дека не е стигната во школо.
Во скопскиот Кривичен суд денеска продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во кои обвинетите Љупчо Палевски-Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишов се изјаснија за невини.
Боре Видевски, обвинетиот за убиството и грабнувањето на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, од болница е вратен во затворот „Скопје“ во Шутка.
Зорица Ѓорчевска, мајката на малолетната Вања Ѓорчевска која беше убиена лани во ноември и роднини на убиениот Панче Жежовски треба да сведочат на судското рочиште за двојното убиство коешто е закажано за в понеделник.