Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје на СДСМ, Каја Шукова, денеска го најави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во текот на првата година од нејзиниот мандат. „Скопје е наш дом и сите сакаме да го гледаме како чист, убав и инспиративен град,“ изјави Шукова.
Каја Шукова / Фото: Фејсбук Шукова најави 100 нови мурали во Скопје Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, го претстави проектот „Скопје – град на мурали“, кој предвидува изработка на 100 нови мурали низ градот во првата година од нејзиниот мандат. „Овие мурали нема да бидат само боја на ѕидовите, тие ќе носат пораки за надеж, култура, заедништво и љубов кон нашиот град,“ изјави Шукова, најавувајќи вклучување на локални уметници и млади креативци.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги критикуваше „дел од судиите и обвинителите во Србија“ дека не си ја вршат работата и дека биле „платени од странство“ за да ги ослободуваат притворените студенти и граѓани за време на протестите. „Главно ги пуштаат, бидејќи некои од нив се на таа страна, а некои од нив се платени за тоа, тоа не е тајна.
Полицијата во Србија вооружена со палки во град во северна Србија во петокот испали солзавец и се нафрли врз илјадници мирни демонстранти кои бараа слободни избори и правда по месеци демонстрации против автократското владеење на претседателот Александар Вучиќ, известува агенцијата Асошиејтед прес за хаосот на протестите во Нови Сад, вест која беше пренесена и на ABC news. Протестот предводен од универзитетски студенти се случи повеќе од 10 месеци откако се урна бетонска настрешница на железничка станица во градот Нови Сад, при што загинаа 16 лица.
Четирипати оваа сезона, Новак Ѓоковиќ стигна до полуфиналето на Гренд слем, но никогаш не успеа да стигне до финалето – српскиот тенисер беше запрен и во полуфиналето на Отвореното првенство на САД синоќа, а подобар беше Карлос Алкараз, кој победи со 3:0. Ѓоковиќ беше поразен од Јаник Синер во полуфиналето на Ролан Гарос и Вимблдон, синоќа на Отвореното првенство на САД од Алкараз, додека во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија мораше да му го предаде мечот на Александар Зверев. И по синоќешниот пораз против Алкараз, тој истакна дека ја пропуштил својата најголема шанса за финалето на Ролан Гарос.
Најдобриот тенисер на светот на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, беше елиминиран во полуфиналето на Отвореното првенство на САД. Србинот беше поразен од Шпанецот Карлос Алкараз во Њујорк со 3:0, во сетови 6:4, 7:6(4), 6:2, а во финалето на третиот последователен грен слем, Алкараз ќе игра против Италијанецот Јаник Синер.
Одложена е Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежи за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Од собраниските служби нема образложение за одложувањето на седницата.
Од: А1он Љупчо Пренџов од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието изјави дека не ја разбира денешната прес-конференција на пратеникот Скендер Реџепи од Европскиот фронт. Предложи во вторник, на 9 септември во 9 часот пртениците преку Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање да влезат во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и да се види што се случувало таму, а се друго, како што рече, е обичен фоклор.
Николас Мадуро / Фото EPA-EFE/MIGUEL GUTIERREZ Мадуро: САД да ги намалат тензиите за да избегнеме воен судир од поголеми размери Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, ги повика САД да го намалат тензиите меѓу двете земји, предупредувајќи на опасност од „воен конфликт од широки размери“ во Јужна Америка, пренесуваат светските медиуми. „Ниту едно од нашите несогласувања не смее да доведе до војна или насилство во Јужна Америка“, изјави Мадуро во видео објавено на апликацијата „Телеграм“.
Американскиот претседател Доналд Трамп ја разгледува можноста за извршување воени напади насочени кон нарко-картели што дејствуваат во Венецуела. Си-Ен-Ен, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека тоа вклучува можни напади во самата земја.
Од: А1он Стотици луѓе денеска се во редица пред Театро Армани во Милано за да се приближат до ковчегот на Џорџо Армани, додека Италија се збогуваше со својот најпознат моден дизајнер. Армани, кој живееше само неколку куќи подалеку на една од најпознатите улици во Милано, почина во четврток на 91-годишна возраст.
Модниот дизајнер Џорџо Армани почина на 92-годишна возраст. Неговата компанија ја потврди веста во кратко соопштение: „Со огромна тага, Армани Групацијата ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“.