Потпретседателката на Демократската партија, Камала Харис, води пред републиканскиот кандидат Доналд Трамп со три поени, 46 отсто спрема 43 отсто, покажува најновата анкета на Ројтерс/Ипсос.
Доколку биде избрана за претседател, средбата со рускиот претседател „нема да се одржи билатерално, без Украина“, изјави Камала Харис гостувајќи во емисијата „60 минути“’ на телевизијата за Си-Би-Ес. Американската потпретседателка и претседателски кандидат на демократите на изборите на 5 ноември во САД, Камала Харис, синоќа изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за да разговара за војната во Украина, доколку на таа средба не бидат присутни и претставници на Киев.
Американската потпретседателка Камала Харис го нарече поранешниот шеф на државата Доналд Трамп „крајно неодговорен“, бидејќи, како што рече, „шири лаги за владиниот одговор на ураганот Хелена“.