1 (171) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Sep 11:04 -> 27-Sep 18:30
.
.
.
.

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

  • Меѓувладина седница и тет-а-тет средба на Мицкоски и Орбан

  • Орбан пристигнува во дводневна официјална посета на земјава

  • Орбан: Кинески пари не можеме да ви даваме, а европски пари можеме и ќе ви ги даваме

Денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани.

Заедничка меѓувладина седница на Северна Македонија и Унгарија ќе се одржи денеска во Охрид откако претходно премиерите на двете држави Христијан Мицкоски и Виктор Орбан ќе одржат тет-а-тет средба.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан заедно со делегација од унгарската Влада, денеска и утре ќе престојува во дводневна официјална посета на земјава.

Кинески заем и кинески пари не можеме да даваме, бидејќи Унгарија со Кина има договор сите пари кои доаѓаат од Кина да одат на конкретни проекти за развој во Унгарија, истакна денеска во Охрид унгарскиот премиер Виктор Орбан.

3 (21) ■ вести > македонија ■ 27-Sep 10:09 -> 27-Sep 15:18
.
.
.
.

На Детска и на Инфективна клиника нема згрижено деца од „Ѓорѓија Пулевски“ поради труење со храна

  • Сомнеж за труење со храна во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром

  • Околу 140 ученици од ОOУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење, кујната во училиштето е затворена

На Детската клиника и на Инфективната клиника нема згрижено деца од основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кои имаат симптоми на труење со храна.

Дечиња од прво до трето одделение од основното училиште ,,Ѓорѓија Пулевски” во Општина Аеродром се сомнева дека се затруле со храна.

Околу 140 ученици од Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Општина Аеродром денеска не се на настава, а наставниците пријавиле дека сите тие се со стомачни тегоби, дијареа и повраќање.

4 (123) ■ вести > свет ■ 25-Sep 07:30 -> 27-Sep 18:30
.
.
.
.

Арсенал со оружје на Хезболах и подземната мрежа се „огромна закана“ за Израел

  • Израел и Либан во следните неколку часа се очекува да потпишат примирје, Хезболах не учествува

  • Дали е неизбежна тотална војна меѓу Израел и Хезболах?

  • Нетанјаху: Израел ќе користи сила против Хезболах додека не се вратат жителите на север

Со својата огромна мрежа подземни тунели и огромниот арсенал на оружје, вооружената група Хезболах во Либан претставува „огромна закана“ за Израел и не треба да се потцени, и покрај озлогласените софистицирани разузнавачки тактики на Мосад, велат експертите за Al Arabiya English. Во понеделникот, Израел ги прошири своите воздушни напади врз, како што нагласија – цели на Хезболах во јужните и источните региони на Либан.

САД, Франција и другите сојузници повикаа на итен прекин на огнот од 21 ден за да се овозможи преговори во конфликтот меѓу Израел и Хезболах.

Немилосрдната размена на оган меѓу Израел и либански Хезболах во последните денови ги поттикна стравувањата дека долгогодишните непријатели незапирливо се движат кон сеопфатна војна, и покрај меѓународните повици за воздржаност.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата земја ќе користи сила против Хезболах во Либан додека жителите на северен Израел не се вратат дома.

9 (4) ■ вести > македонија ■ 27-Sep 17:11 -> 27-Sep 17:47
.
.
.

Меџити се сретна со хрватската амбасадорка Тигањ

  • Првиот заменик претседател на Владата Изет Меџити оствари средба со амбасадорката на Хрватска Нивес Тигањ

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Скопје, Н. Е. Нивес Тигањ.

СООПШТЕНИЕ – Меџити искажа благодарност за поддршката што Хрватска несебично ѝ ја дава на нашата држава во евроинтегративните процеси, истакнувајќи дека Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата се залагаат за исполнување на реформската агенда за пристапување кон Европската Унија и тоа е цврсто детерминирано во владините политики и закони, а во насока на фаворизирање на растот, инвестициите и вработувањето.

13 (71) ■ вести > свет ■ 25-Sep 06:30 -> 27-Sep 18:03
.
.
.
.

Малку е веројатно дека Трамп ќе се сретне со Зеленски за време на неговата посета на САД

  • Бајден обезбеди итна воена помош за Украина вредна осум милијарди долари

  • Американското разузнавање го информирало Трамп за закани со атентат од Иран

  • Трамп вели дека ќе го уништи Иран ако му наштети на американски кандидат за избори

Малку е веројатно дека ќе има средба меѓу поранешниот американски претседател и републиканскиот кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на посетата на украинскиот претседател на САД.

Претседателот на САД Џо Бајден за време на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа соопшти дека ќе обезбеди воена помош за Украина во вредност од повеќе од осум милијарди долари, а со цел Киев да добие потребна помош за победа во војната против Русија.

Највисоките функционери на американската разузнавачка заедница го информирале републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп за заканите за атентат од Иран, изјави денеска портпаролот на кампањата на Трамп.

Трамп рече дека Иран треба да биде разнесен „на парчиња“.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

296 (5) ■ бизнис > економија ■ 25-Sep 09:00 -> 25-Sep 10:31
.
.
.
.

Повторно побаравме помош од Србија: Македонски железници изнајми четири локомотиви од „Србија Карго“

  • Македонски железници почнаа да возат за Србија Карго, изнајмени четири локомотиви

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки „Србија Карго“ и Железниците на Република Северна Македонија – Транспорт потпишаа Договор за привремен закуп на четири електрични локомотиви од серијата 461, со што се воспостави стратешка соработка меѓу двете државните железници од областа на железничкиот транспорт на стоки, објави „Србија Карго“.

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго вчера соопшти дека склучило договор со Железницата на Македонија - Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што е воспоставена стратешка соработка на две државни железнички компании во областа на железничкиот транспорт на стоки, јави дописникот на МИА од Белград.