Од: А1он Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања го повика премиерот Мицкоски да одговори зошто не дозволува декласификација на сите материјали поврзани со случајот со Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Филипче истакна дека е важно да се расчисти овој случај, не само за јавноста да ја дознае вистината, туку и за да не се фрли дамка врз професионалците вработени во АНБ, кои изминатиот период речиси и не беа споменувани. „Зошто не дозволувате декласификација на сите тие материјали, секако со заштита на идентитетот на сите луѓе чии што податоци треба да останат доверливи, за јавноста конечно да дознае дали имало злоупотреба или не. Дали некој го прекршил законот или не? Треба ли некој да одговара?“, праша Филипче.
Скандалот што го отвори ВМРО-ДПМНЕ околу наводна злоупотреба на Агенцијата за национална безбедност е уште една политичка конструкција без покритие, со единствена цел да се дефокусира јавноста и да се креира лажна слика пред избори. Тоа денеска го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој повторно ги повика институциите – веднаш и целосно да ги декласифицираат документите за случајот.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека, по убиството на американскиот патриот Чарли Кирк, „радикалните левичарски лудаци едноставно мора да бидат победени“. „Мораме да бидеме храбри во животот.
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, се обрати до нацијата по повод трагичната смрт на Чарли Кирк, млад конзервативен активист и основач на „Турнинг поинт оф УСА“ (Turning Point USA), кој беше смртно застрелан за време на настап на Универзитетот Јута Вали во среда вечерта. Во четириминутно телевизиско обраќање, Трамп изрази длабока тага и сочувство, нарекувајќи го сторителот „чудовиште“ и велејќи дека „ова е мрачен момент за Америка“.
Новата административна зграда на Општина Карпош, која се градеше од 2012 година, вчера беше пуштена во употреба, а на свеченоста присуствуваа голем број карпошани, кои во иднина сите административни работи, наместо во бараките лоцирани во ОУ „Лазо Трповски“ ќе можат да ги завршуваат во новиот објект. Вратите на новиот „дом“ за карпошани, кој зафаќа површина од 4500 метри квадратни, како што истакна градоначалникот Стевчо Јакимовски, ќе бидат секогаш ширум отворени за жителите на оваа општина, кои ќе можат на едно место да ги решаваат своите проблеми и да ги остваруваат личните права и секојдневните потреби.
Од: А1он На свечен начин, денеска во спортската сала „Наум Наумовски Борче“ беше одбележан почетокот на Училишните спортски лиги на Општина Карпош, за учебната 2025/2026 година. Во рамки на оваа традиционална спортска манифестација која ја организира Одделението за спорт и култура веќе 16 години во континуитет, основците од десетте училишта во Карпош ќе ги одмерат своите сили во фудбал и кошарка за момчиња, како и одбојка за девојчиња.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство – Кавадарци поднесе кривична пријава против Г.К. и А.Ц., поранешни управители на „Еуроникел Индустри“ ДОО Кавадарци, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела Намерно предизвикување на стечај (член 254 став 1 од Кривичниот законик (КЗ)) и Оштетување или повластување на доверители (член 257 став 3 во врска со став 1 од КЗ). Пријавените предизвикале штета од скоро 1,67 милијарди денари, од кои речиси 99 милиони денари штета за Буџетот на Република Македонија. Дополнително, информира Управата за финансиска полиција, пријавените без преземање мерки за наплата на побарувањата, му овозможиле на „Арров Металс Енд Трејдинг АГ“ да се презадолжи, при што до крајот на 2022 година долгот достигнал 1.962.633.269,46 денари.
Според Управата за финансиска полиција, двајцата поранешни управители на „Еуроникел индустри“ во 2021 година склучиле договори со швајцарска фирма со кои обврзале компанијата да купува руда по берзанска цена, а да продава фероникел по 30% пониска цена, со што целата добивка завршувала кај странската компанија. Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против двајца поранешни управители на компанијата „Еуроникел индустри“ од Кавадарци, осомничени за намерно предизвикување стечај и оштетување доверители.
Стопанска банка Битола / Фото: Википедија Алта банка ја презема Стопанска банка од Битола Комисијата за хартии од вредност на Северна Македонија донесе одлука со која се одобрува понудата на АЛТА банка АД Белград за преземање на Стопанска банка АД Битола. Понудата вклучува 371.538 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка, и заедно со 19.439 акции што веќе ги поседува АЛТА банка и поврзаните страни, претставува 100 проценти од основниот капитал на оваа банка.
Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 65-тата седница со која претседаваше Претседателката на КХВ Бујаре Абази донесе Решение со кое на „АЛТА БАНКА“ АД Белград, Р. Србија и се издава дозвола за давање понуда за преземање на „Стопанска банка” АД Битола, пренесе „Бизнис инфо“. Понудата за преземање се однесува на 371.538 обични акции со право на глас издадени од „Стопанска банка“ АД Битола, кои заедно со 19.439 обични акции со право на глас кои ги поседуваат преземачот и лицата со кој тој дејствува заеднички претставуваат 100% од нејзината основна главнина.