1 (55) ■ вести > свет ■ 25-Oct 07:49 -> 27-Oct 00:43
.
.
.
.

Аракчи: Иран нема да се ограничува кога е во прашање одбраната на земјата

  • Иран соопшти дека двајца војници загинале во израелските напади на воени локации

  • Иран соопшти дека има право и должност да се брани по израелските напади

  • Портпаролот на израелската армија го предупреди Иран од понатамошна ескалација

Техеран нема да се ограничува кога станува збор за одбрана на интересите, територијалниот интегритет и народот на Иран, изјави денеска министерот за надворешни работи Абас Аракчи.

Двајца ирански војници се убиени во израелскиот напад на воени локации низ Иран, соопшти денеска армијата.

Иран има право и должност да се брани по израелските напади во кои беа погодени ирански воени цели и загинаа двајца војници, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари го предупреди Иран од понатамошна ескалација по завршувањето на израелските одмазднички напади врз Иран.

4 (45) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Oct 08:11 -> 26-Oct 22:29
.
.
.
.

Јакимовски: Мојата порака за напуштање на ЗЕЛС не е сфатена сериозно, министрите да си ја вршат работата согласно закон

  • ​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

  • Јакимовски: ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ

  • Власта не ја сфаќа сериозно најавата од Општина Карпош за напуштање на ЗЕЛС, вели градоначалникот Јакимовски

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска повтори дека ќе го напушти ЗЕЛС доколку претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски немо ја следи целата ситуација и не преземе чекори за вразумување на министрите бидејќи се врши, како што рече, континуиран притисок врз Општината.

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски, одговарајќи на новинарско прашање информираше дека градоначалниците на Карпош и Струмица писмено ќе бидат поканети на средба во ЗЕЛС во понеделник.

ВМРО-ДПМНЕ покажува дека ЗЕЛС е само обичен партиски комитет на нивната партија, а Орце Георгиевски е само една обична фигура на чело на ЗЕЛС, порача денеска градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски, додавајќи дека неговата порака за напуштање не била сериозно сфатена.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска повтори дека Општина ќе ја напушти Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) доколку дел од министрите и претседателот на ЗЕЛС не го коригираат својот однос кон оваа единица на локалната самоуправа.

5 (21) ■ вести > македонија > политика ■ 26-Oct 12:33 -> 26-Oct 16:04
.
.
.
.

▷ Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ

  • Мицкоски: Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор

  • Мицкоски посакува на изборите во Бугарија да победи партијата ГЕРБ на Борисов

Беспредметно е сега да се испраќа писмо до ЕУ, за да почне процесот на уставни измени потребно е бугарскиот Парламент да го ратификува Пристапниот договор.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека сега е беспредметно да се испраќа писмо до Европската унија затоа што вели се она што требало да биде содржано во писмото веќе е разговарано со лидерите од Европската унија и со претседателката Урсула Фон дер Лајен која во четвртокот беше во посета на земјава.

На бугарските граѓани им посакувам успешни, фер и демократски избори и да ја изберат најдобрата Влада што сметаат дека ќе работи во нивните интереси и што ќе промовира стабилност во регионот и добрососедски односи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги утрешните седми по ред парламентарни избори во последните три години во Бугарија.

6 (49) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Oct 07:00 -> 26-Oct 17:45
.
.
.
.

(ВИДЕО) Кузеска: Намалувањето на маржите се покажа како неефективна мерка – ги штити трговците наместо граѓаните

  • Шилегов: СДСМ е заробена партија, со двајца октроирани “лидери”

  • СДСМ: Стратегија за следните 20 години постои, во неа учествуваше и ВМРО-ДПМНЕ

  • СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Прифатете го предлогот за минимална плата од 450 евра заради граѓаните

Само неколку недели по воведувањето на владината мерка за намалување на цените на основните производи се покажа дека истата е целосно неефективна.

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, упати остри критики за поранешниот и актуелниот лидер на СДСМ, Зоран Заев и Венко Филипче, нарекувајќи ги тезгароши.

Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 е успешно подготвена и одамна е поднесена до Собранието.

На денешната прес конференција СДСМ уште еднаш ја повика ВМРО-ДПМНЕ и Владата да го прифати предлогот за поголема минимална плата од 450 евра затоа што тоа ќе значи бенефит за сите работници и нивните семејства, потенцирајќи дека тоа е вистинска потреба за подобар животен стандард на граѓаните.

7 (18) ■ вести > балкан > регион ■ 25-Oct 17:48 -> 26-Oct 19:26
.
.
.
.

Фон дер Лајен: Косово треба да преземе дополнителни чекори за му се укинат санкциите од ЕУ

  • Фон дер Лајен од Приштина: Потребна е навремена имплементација на договорот од Охрид

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во рамки на нејзината балканска турнеја денеска престојува во Приштина, изјави дека косовските власти мора да работат на следните чекори за да се дојде до точка кога земјите-членки на Европската унија ќе постигнат согласат да ги укинат мерките кон државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека за време на нејзиниот мандат приоритет ќе биде проширувањето на Европската Унија, со членство на сите шест земји од Западен Балкан.

12 (21) ■ вести > свет > регион ■ 25-Oct 08:13 -> 26-Oct 12:24
.
.
.
.

Вучиќ ја испрати Лајен: Ви благодариме за сета помош, поддршка и разбирање кон Србија

  • Фон дер Лајен: Србија е еден од најнапредните кандидати за членство во ЕУ

  • Вучиќ по средбата со Фон дер Лајен: Додека јас сум претседател, нема да ги менуваме главните цели на надворешната и внатрешната политика

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово на белградскиот аеродром Никола Тесла ја испрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и и се заблагодари за помошта, поддршката и разбирањето што таа, како што рече, „секогаш го покажувала кон Србија“.

Србија е една од најнапредните земји во процесот на пристапување во Европската унија и на неа е да избере брзина на пристапување, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на заедничката прес-конференција со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека имале многу долг и крајно отворен и искрен разговор.

13 (23) ■ вести > македонија ■ 25-Oct 12:00 -> 26-Oct 15:31
.
.
.
.

Николоски со убави вести: Во 2025 година шест нови авиолинии, од Скопје ќе се лета кон Дубаи, Барселона, Охрид се поврзува со Истанбул

  • Скопје и Охрид добиваат шест нови авионски дестинации во 2025 година

  • Шест нови авио линии – директно поврзување со Дубаи, Барселона, Штутгарт, Лион, Базел и Истанбул

Во текот на наредната година двата аеродроми во земјава, Скопскиот и Охридскиот ќе се поврзат со нови шест авиолинии, соопшти денеска на прес конференција министерот за транспорт Александар Николоски, кој на прес конференција ги соопшти резултатите од неодамнешниот јавен повик.

Шест нови авионски линии со Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул ќе бидат отворени следната година, најави министерот за транспорт, Александар Николоски, на денешната прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија.

Министерот за транспорт и врски Александар Николовски денес на прес-конференција соопшти дека се воведуват нови 6 дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром.

14 (7) ■ вести > македонија > политика ■ 25-Oct 20:34 -> 27-Oct 00:00
.
.
.
.

Новиот шеф на македонската тајна служба е со фиктивна диплома за англиски јазик, објави бугарски Фактор

  • Стигна потврда од Бугарија, сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ е лажен, дали министерот Тошковски ќе му поднесе кривична пријава?

Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски, ја презел функцијата со фиктивна диплома за англиски јазик од Пловдив, пишува бугарски „Фактор“.

Она што веќе подолго време, поточно од самото назначување на блискиот пријател на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и претседател на комитетот за Скопје на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, за нов директор на контраразузнавачката служба АНБ, на 16.10.2024 година, кружат сомнежи околу исполнување на потребните законски услови и документи за да ја заземе оваа важна функција, меѓу кои и едно од најгорливите прашања: дали новиот директор на македонските тајни служби можеби презентирал лажен сертификат за англиски јазик.

Повеќе од
оваа категорија