СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднел кривична приjава против Б.Ц.(40) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по член 353 од Кривичниот законик.
Против поранешен директор на затворот во Струмица поднесена е кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР). Четириесет годишниот Б.Ц. од Струмица, додаваат од МВР, во својство на поранешен вршител на должноста директор на затворот, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т.. Осудените лица, како што информираат од МВР, користеле погодности кои не им следувале и не биле присутни во затвор Струмица и по еден месец.