Во текот на сведочењето Велибор Манев, обвинет за убиство на Вања и Панче, денеска пред Судот изјави дека претрпел тортура при испитувањето од службените лица.
Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевск Со распит на обвинетите за убиството на Вања и Панче, во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за двојното убиство за кое се обвинети Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.
Второобвинетиот Велибор Манев на денешното сведочење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 73-годишниот Панче Жежовски, рече дека првообвинетиот Љупчо Палевски им ветил по 150.000 евра награда за киднапирањето на ќерката на фармацевтот, како и дека бил тепан во полициска станица.
Драматично е денеска на судењето за убиствата на Вања и на Панче, каде што исказ дава еден од обвинетите Велибор Манев.