1 (47) ■ вести > македонија > политика ■ 08-Oct 00:50 -> 09-Oct 19:07
.
.
.
.

Митева: Јавноста ќе биде информирана за решението за евроинтегративниот пат на државата

  • СДСМ сè уште чека одговор од Мицкоски за собраниска седница за европската интеграција

  • СДСМ таинствена – Зошто Венко Филипче бара затворена, а не отворена седница во Собранието?

  • Кога ќе се создадат услови, граѓаните и Собранието ќе бидат информирани за решението кое Владата го договара за евроинтеграциите, вели Митева

Портпаролката на Владата Марија Митева денеска на прес-конференција во Владата рече дека кога ќе биде готово решението како да продолжат преговорите за евроинтегративниот пат на државата, јавноста ќе биде информирана.

СДСМ сè уште чека одговор од Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ за предлогот за свикување собраниска седница за европската интеграција на Македонија.

Претседателот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, побара од премиерот Христијан Мицкоски да свика затворена седница во Собранието, на која ќе се дискутира за иднината на евроинтегративниот процес на Македонија.

Кога ќе се создадат услови, јавноста и Собранието ќе бидат информирани за решението за евроинтеграциите на кое работи Владата, изјави денеска на прес-конференција новоназначената владина портпаролка Марија Митева.

2 (34) ■ вести > македонија > политика ■ 09-Oct 10:07 -> 09-Oct 15:21
.
.
.
.

Мисајловски: За 7 отсто повеќе средства за модернизација на Армијата во 2025 година

  • Мисајловски предупредува: Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина ќе се рефлектира и кај нас

  • Мисајловски: Многу средства се одлеани од Министерството за одбрана по основ на судски трошоци

  • Раскинат договорот со кетеринг-компанијата од чија храна се затруле над 60 припадници на Армијата

Во 2025 година планираме зголемен буџетот на Министерството за одбрана и 37 проценти од овие средства или околу 8,5 милијарди денари да бидат насочени кон модернизација и опремување на Армијата што е за три милијарди денари повеќе од годинава, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Ситуацијата на Блискиот Исток и во Украина е многу загрижувачка и ќе има рефлексија не само кај нас, туку во цела Европа.

Сите надоместоци за сите вработени согласно Колективниот договор за првпат целосно се исплаќаат зашто многу средства од Министерството за одбрана се одлеале по основ на судски трошоци токму за таа намена, но најголем проблем е што тие средства за судски трошоци не биле исплаќани, оцени денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Еднострано е раскинат договорот со кетеринг-компанијата што ги снабдуваше со оброци вработените во Амријата, изјави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловски, и додаде оти договорот бил полн со недостатоци.

5 (53) ■ вести > свет ■ 08-Oct 06:30 -> 09-Oct 21:11
.
.
.
.

Нетанјаху: Го отстранивме Хасан Насралах и двајцата негови наследници

  • Владин извор тврди дека Хезболах се согласи за прекин на огнот во Либан пред Израел да го убие лидерот Насрала

  • Нетанјаху: Го убивме шефот на Хезболах и неговата замена, и замената на замената

  • Не ја тестирајте нашата волја, му порача Иран на Израел

Милитантите на Хезболах денеска истрелаа артилериски гранати и ракети врз израелските војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах.

Хезболах ги известил либанските власти дека прифатил прекин на огнот со Израел на денот кога во израелски напад беше убиен нивниот лидер Хасан Насрала, изјави владин извор за француски медиуми.

Милитантите на Хезболах утринава со артилериски гранати и ракети гаѓаа израелски војници во близина на либанското погранично село Лабунеха, соопшти групата, еден ден откако Израел објави дека убила двајца наследници на убиениот лидер на Хезболах.

Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, го предупреди Израел да не ја „тестира“ волјата на Техеран за можни воени напади како форма на одмазда за ракетниот напад што Иран го изврши против Израел минатата недела.

6 (22) ■ вести > македонија ■ 09-Oct 11:33 -> 09-Oct 16:33
.
.
.
.

Мицкоски по одлуката на ДКСК: Го обвинија Јован, му судеа и го осудија само затоа што е мој син

  • Мицкоски: Сине, те молам прости ми што мора да го живееш ова

  • ДКСК го затвори предметот за патувањето на синот на Мицкоски во САД – не бил дел од владината делегација, сам си ги платил патот и сместувањето

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ.

Со одлуката на Антикорупциската комисија се потврдија лагите на СДСМ.

Синот на премиерот Христијан Мицкоски, 18-годишниот Јован, сам си платил и за авионските карти и за хотелското сместување во САД во јули, односно неговото патување на НАТО-самитот не било платено со владини пари, констатирала Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која на денешната седница информира дека го затвора овој предмет.

7 (12) ■ вести > македонија ■ 08-Oct 10:12 -> 09-Oct 21:02
.
.
.
.

Република Северна Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 – 2027

  • Македонија стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027 година

Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ). Шефот на дипломатијата Тимчо Муцуснки на социјалните мрежи објави дека поддршката од земјите членки на ОН за овој избор е признание за придонесот на нашата држава како посветен промотор и заштитник на човековите права и слободи.

Убави вести ни доаѓаат од Њујорк, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

8 (27) ■ вести > свет ■ 08-Oct 12:21 -> 10-Oct 00:13
.
.
.
.

Драматични повици за итна евакуација на Флорида

  • ТРКА СО ВРЕМЕТО ВО ФЛОРИДА: Милион луѓе бегаат пред ураганот „Милтон“ (ВИДЕО)

  • (ФОТО+ВИДЕО) Ураганот на векот доаѓа во САД, патиштата се блокирани, снема бензин: „Кој ќе остане, ќе умре“

Американските власти во вторникот ги засилија повиците до жителите на Флорида да се евакуираат пред пристигнувањето на Милтон, „исклучително опасен“ ураган што се очекува да ја погоди американска територија од среда до четврток, и кој може да биде „најлошата бура“ што го погодила полуостровот „во последните сто години”, предупредува претседателот Џо Бајден.

Милтон, ураган од четврта категорија, денеска продолжи да се приближува до западниот брег на државата Флорида во југоисточниот дел на САД.

Флорида се подготвува за една од најсилните тропски бури во последните сто години.

13 (39) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-Oct 17:57 -> 09-Oct 15:52
.
.
.
.

Труење, веројатна причина за смртта на мајката и детето од Слатино

  • Мајка и ќерка пронајдени мртви во нивниот дом во тетовско Слатино

  • Обвинителство и МВР: Труење е веројатната причина за смрт кај мајката и нејзината малолетна ќерка во тетовско Слатино

  • СЕМЕЈСТВО ВО СУПСТАНДАРДНИ УСЛОВИ: Нема траги на насилство на телата на мајката и четиригодишната ќерка од тетовско Слатино

Основното јавно обвинителство Тетово и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа пронајдени починати мајка и дете.

Во СВР Тетово денеска околу 14 часот доктор од Теарце пријавил дека бил повикан за интервенција во Слатино, а таму констатирал смрт кај 36 годишна жена и нејзината ќерка.

Труење е веројатната причина за смрт на 36-годишната жена и нејзината малолетна ќерка, што вчера беа пронајдени во својата семејна куќа во тетовско Слатино.

36-годишна жена и нејзината керќа се пронајдени мртви во тетовското село Слатино, соопшти СВР Тетово, а нејзиниот сопруг по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница беше задржан во полиција.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

134 (6) ■ бизнис > економија ■ 08-Oct 07:35 -> 08-Oct 17:25
.
.
.
.

НЛБ Групацијата донира еден милион евра за надминување на последиците од катастрофалните поплави во Босна и Херцеговина

  • НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - нова позиција после три години член на Управата на групацијата во Љубљана

За да ги поддржи искрените напори на спасувачките служби кои се обидуваат да ги отстранат последиците од уништувањето, НЛБ Групацијата донираше еден милион евра за погодените подрачја.

Поранешниот директор на една од трите најголеми банки во земјава, НЛБ Банка, Антонио Аргир, кој пак, од пред нецели три години живееше и работеше во Љубљана, како член на Управниот одбор на НЛБ Групацијата во Љубљана, деновиве стартува на нова позиција во рамките на истата групација, и тоа на функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка во Приштина.

183 (4) ■ сцена > култура ■ 08-Oct 11:24 -> 08-Oct 12:26
.
.

Министерот Љутков на отворање на изложбата на Рембрант во Виена

  • Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во Виенскиот музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствувал на отворањето на изложбата на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и значајни личности од културниот и општествено-политичкиот живот на Австрија.

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.