Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово денеска лишија од слобода триесетгодишен кумановец што се сомничи дека за време на полувремето на кошаркарскиот натпревар во Куманово се обидел да внесе транспарент со навредлива содржина, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). По расчистување на случајот против него ќе следи соодветен поднесок.
МВР апелира за фер и спортско навивање, а било какви навреди ќе бидат најстрого санкционирани Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани и членови на навивачки групи да ги бодрат своите спортски миленици, но да навиваат спортски, исклучиво во спортски дух, без говор на омраза, без било какви навреди по лична, етничка, верска или било која друга припадност што не соодветствува на спортски натпревари и е спротивно на законот.
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од страна на неколкумина присутни во салата, и посочи дека навивачките групи треба да ги бодрат своите тимови, без навредливи и ксенофобични пораки.„Во текот на вчерашниот ден домаќинот а тоа беше кошаркарската федерација исто така и Општина Куманово го осудија скандирањето и ксенофобичните испади на неколкумина во салата, искрен да бидам додека бев таму, воопшто и не го забележав тоа, бидејќи стануваше збор за мала група на луѓе.
Мицкоски кажа дека скандирањето било од неколкумина навивачи кои што не наишле на поддршка од страна на останатите присутни во салата.