Државниот завод за ревизија во извештајот за работењето на СРЦ „Борис Трајковски“ за изминатиот период, укажува дека нема евиденција што добил спортско-рекреативниот центар од тендерите на Министерството за надворешни работи за негово доуредување за прием на делегациите од Состанокот на ОБСЕ што се одржа во Скопје во 2023.– Во рамки на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ во периодот од 30 ноември до 1 декември 2023 година, друштвото по препорака на Владата му овозможило на МНР логистичка поддршка и асистенција за адаптација и надворешно уредување на друштвото за потребите на настанот, кое било извршено од страна на МНР.
Нефункционални објекти и реквизити, затворен Aква парк, неизвесност околу иднината на соларниот систем и пропуштени можности за дополнителни приходи, утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Ревизијата на Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменската сала „Борис Трајковски“ за 2023 година.