Судот во Босна и Херцеговина го прогласи за виновен претседателот на Репубика Српска Милорад Додик и го осуди на една година затвор и шест години забрана за занимавање со политика.
Милорад Додик, претседател на Република Српска, денеска беше прогласен за виновен и осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за вршење функција.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик е прогласен за виновен пред Судот на БиХ по обвинението за „непочитување на одлуките“ на Кристијан Шмит, додека вршителот на должноста директор на „Службен весник“ на Република Српска, Милош Лукиќ е ослободен од одговорност.
Се зголемуваат тензиите пред утрешното јавно изрекување на пресудата за претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за непочитување на одлуките на високиот претставник.