Новиот член на Ферари, легендарниот Луис Хамилтон, оствари најдобро време на тестирањата кои се одржуваат во Бахреин, а се дел од подготовките за новата сезона во Формула 1. Седумкратниот светски шампион имаше проблеми при првиот тест, но потоа извозе одлично (1.29,379 минути), оставајќи ги зад себе Џорџ Расел од Мерцедес (+0,399 секунди) и Карлос Сајнц од Вилијамс, кој доцнеше десет стотинки зад Расел.