Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека македонскиот јазик не е само минато, тој е мост до иднината.
Како македонски мисионери имаме семакедонска, национална и човечка должност да го чуваме, негуваме, сакаме, развиваме, проучуваме, промовираме и обновуваме македонскиот јазик, оти без нас не ќе живее ниту ние ќе бидеме Македонци без него.
Во ова време на брзи промени, грижата за македонскиот јазик станува чин на современ патриотизам.
Поради масовното иселување на младите, во моментов македонскиот јазик има повеќе говорители во дијаспората, отколку во татковината.