Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, посочи дека европскиот пат на земјите од Западен Балкан е неразделив дел од безбедноста на континентот, а верноста кон Копенхашките критериуми останува најсилната гаранција дека тој пат ќе се движи во вистинската насока. Северна Македонија е целосно посветена на примената на Копенхашките критериуми, кои мора да останат водилка на процесот на проширување на ЕУ, изјави денеска во Копенхаген министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во обраќањето на неформалниот состанок на министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ и на државите кандидати за членство.