Faktor
Со апсолутна убеденост можам да го повторам тоа што го кажав, а тоа е дека од селото Врбјани, тоа е некаде под превојот Пресека, до Охрид, со еден мал исклучок кај селото Ботун, затоа што таму има лизгање на земјиштето, ќе има целосно автопатско решение пред почетокот на следната летна сезона.
Паралелно на тоа кај селото Ботун, веќе од денеска се работи рехабилитација на постојниот пат, за и тоа да е пријатно возење, а во следниот период ќе почне целосна рехабилитација на планинскиот превој Пресека, затоа што истиот ќе се користи до крајот на 2026 година, додека во однос на автопатот, вториот дел од автопатот кој што е некаде 17 километри, тоа е некаде од селото Врбјани до над Кичево, ќе биде завршен како што ветивме до крајот на 2026 година и јас стојам позади овие ветувања и ќе го направиме тоа“, вели тој. Faktor