„Овојпат за првпат како Министерство покажавме како на заедничка маса помеѓу откупувачите и земјоделците можеме да извлечеме некои цени кои што се надевам дека ќе бидат прифатливи од двете страни“, појасни тој . Тој посочи дека во наредниот период Министерството останува отворено за да се разговара за сите програми и сите поддршки кои што треба да ги дава истото Министерство, нормално и измена на законите и процедурите кои што ќе значат дефинирање на одредени слабости кои што низ годините се случувале во текот на откупот.