Зајакнувањето на правната и институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност, исто така е истакнато во рамките на Извештајот, при што е посочено дека централната банка продолжила да ги унапредува механизмите за следење на ризици и усогласување на супервизорската рамка со барањата на ЕУ. Акцент во извештајот се става на донесениот Закон за решавање на банки за кој во тек е изработката на подзаконските акти.
Во извештајот се посочува и носењето на Законот на плаќања и платни системи во контекст на усогласувањето со европските директиви, како и поднесувањето на апликацијата за членството на земјава во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Исто така се истакнува дека централната банка отворила посебна организациска единица за заштита на потрошувачите и разгледување на нивните поплаки. Mk
Усогласеноста во делот на монетарната политика со европската регулатива, стандарди и практики и натаму е на високо ниво, се наведува во најновиот Извештај на Европската комисија за напредокот на земјата. Novamakedonija
Макропрудентната рамка е понатаму зајакната, со тоа што Народната банка продолжи да ја зголемува стапката на контрацикличниот капитал и воведе макропрудентни мерки за надминување на ризиците кај пазарот на недвижности.
Зајакнувањето на правната и институционалната рамка за обезбедување финансиска стабилност, исто така е истакнато во рамките на Извештајот, при што е посочено дека централната банка продолжила да ги унапредува механизмите за следење на ризици и усогласување на супервизорската рамка со барањата на ЕУ. Акцент во извештајот се става на донесениот Закон за решавање на банки за кој во тек е изработката на подзаконските акти. Nezavisen