Ефикасниот правосуден систем не е само еден од главните предуслови за создавањето на поволна инвестициска и бизнис-ориентирана средина, туку и клучна претпоставка за борба против криминалот и корупцијата и гаранција за основните човекови слободи и права, рече денеска министерот за правда Игор Филков на 15-тата сесија на Националната конвенција на ЕУ во Македонија.
Ефикасниот правосуден систем има клучна улога во владеењето на правото, заедно со квалитетот и независноста на судството, изјави министерот за правда, Игор Филков, на отворањето на 15-тата сесија на Националната конвенција на Европската унија во Република Северна Македонија.