Министерот за јавна администрација од редовите на ЗНАМ, Горан Минчев, потврди дека и тој и неговата партија се безгласна буква во кабинетот на Христијан Мицкоски, потврди дека како прв човек задолжен за реформите во јавната администрација не е дел од владината работна група, која треба да понуди ново решение по укинувањето на балансерот, со одлука на Уставниот суд, велат од СДСМ.
Министерството за јавна администрација на Република Македонија денес го одржа состанокот на Секторската работна група за реформа на јавната администрација, на кој се разгледаа досегашните постигнувања и идните чекори за модернизирање на администрацијата како дел од европските интеграциски процеси на земјата.
Некомпетентните административни службеници да бидат преедуцирани, е варијанта за која се залага министерот за јавна администрација, Горан Минчев, кој на денешната прес-конференција рече дека можните решенија за овој проблем во моментот се предмет на дебата.