Од ДЗС велат дека намалувањето на инфлацијата во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, е резултат на намалувањето на трошоците на животот во следните групи: Храна и безалкохолни пијалаци за 2,2 %, Ресторани и хотели за 1,5 %, Рекреација и култура за 0,9 %. Во октомври 2024 година, во однос на септември 2024 година, зголемување на трошоците на животот е забележаново следните групи: Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4 %, Облека и обувки за 1,4 %, Транспорт за 0,7 %,Здравје за 0,3 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2 %, Мебел, покуќнинаи одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1 %. Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Skopjeinfo